Претходно
Модерна адвокатска канцеларија во Загреб
Адвокатските канцеларии обично се полни со здодевен мебел на кој се поставени неколку тони хартија и книги до таванот, а ѕидовите се обложени со дипломи и разни признанија кои ги заработиле оние кои својата работа ја работат таму. За разлика од нив, оваа супермодерна адвокатска канцеларија од Загреб, дизајнирана од архитектот Нино Вираг, многу се издвојува. Просториите се одделени со стаклени ѕидови, исполнети се со многу природна светлина и, се разбира, имаат и многу современ мебел.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.