Многу животни немаат баби, но слоновите ја имаат таа среќа да растат покрај нив
За голем дел од луѓето, бабите се олицетворение на мудрост, грижа и сигурност. Во животинскиот свет, ретки се животните кои имаат баби, пред сè поради краткиот животен век. Но, слоновите ја имаат таа среќа, исто и како луѓето, да ја почувствуваат искрената љубов и грижата од своите баби, затоа што имаат речиси ист животен век како и луѓето.
Професорката Филис Ли, веќе 40 години ги проучува овие прекрасни животни кои живеат во Националниот парк Амбосели во Кенија. Таа дошла до фасцинантното откритие дека преживувањето на бебето слон зависи од присуството на неговата баба. Слоновите се познати по тоа што живеат во големи семејства, каде што има повеќе генерации.
Што ја прави бабата слоница толку важна за животот на нејзините внуци?
- Најстарата женка се смета за глава на семејството. Таа го води стадото во потрага по вода и храна. Бабата слоница внимава на членовите од нејзиното семејство при средбите со други стада.
- Слониците раѓаат почесто кога во семејството има баба.
- Бабата се грижи за нејзините „внучиња“, ги штити своите потомци и ги отстранува пречките на нивните патишта
- Постарите женки не се натпреваруваат за храна со другите членови на семејството, како што е случај кај други животни. Бабите слоници несебично им ја отстапуваат својата храна на своите потомци.
Професорката Ли уште еднаш го потврдува тоа што веќе го знаеме, дека слоновите се исклучително интелигентни животни. Тие се неисцрпен извор на податоци и потребни се години и години истражувања за да се создаде вистинската слика за нив.