Многу повеќе од украс: 4 причини зошто треба да имате цвеќе во вашиот дом

Многу повеќе од украс: 4 причини зошто треба да имате цвеќе во вашиот дом

Ако сте забележале дека во близина на цвеќињата се чувствувате некако поразлично, подобро, тогаш немојте да мислите дека тоа е случајност. Научно е докажано дека цвеќето ни го подобрува расположението! Но тоа не се единствените придобивки. Неодамна едно истражување го откри можеби наједноставниот начин за подобрување на расположението, но и чувството на задоволство, а тоа е всушност опкружувањето со цвеќиња. Докажано е дека цвеќето кај луѓето поттикнува чувство на среќа и задоволство во животот, а влијае и на тоа како луѓето се однесуваат во одредени општествени ситуации.

1-mnogu-povekje-od-ukras-4-prichini-zoshto-treba-da-imate-cvekje-vo-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_

Затоа, опкружете се со овие миризливи подобрувачи на расположението, бидејќи цвеќето…

1. Моментално го менува нашето расположение

Докажано е дека кога некој ќе добие цвеќе, скоро истиот тој момент го обзема чувство на среќа и веднаш на лицето од возбуда му се појавува насмевка која е показател на исклучително задоволство. Во истражувањето, ова влијание на цвеќето се забележало кај сите личности од сите годишни возрасти.

2. Долгорочно влијае на подобрување на расположение

Луѓето кои добиваат цвеќиња се помалку намуртени, депресивни и немирни. Повеќе уживаат во сето она што ги опкружува, и тие се позадоволни од луѓето кои не добиваат вакви подароци.

2-mnogu-povekje-od-ukras-4-prichini-zoshto-treba-da-imate-cvekje-vo-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_

3. Помага полесно да создадеме поинтимни врски со другите

Луѓето кои се опкружени со цвеќе се посоцијални, и тие се во поголем контакт со другите луѓе, особено со семејството и пријателите.

4. Го прават просторот поведар и создаваат гостопримлива атмосфера

Поголемиот дел од луѓето ставаат цвеќе на добро видливите места, на пример во дневната соба или во ходникот. Со други зборови, го ставаат цвеќето во просториите од својот дом во кои гостите се секогаш добредојдени.

3-mnogu-povekje-od-ukras-4-prichini-zoshto-treba-da-imate-cvekje-vo-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар