Младоженец напишал прекрасен свадбен завет за неговата 5-годишна поќерка

Младоженец напишал прекрасен свадбен завет за неговата 5-годишна поќерка

Младоженецот Мајк Селдон ги трогнал сите гости на свадбата откако дал не еден, туку два емотивни завета. Тој најпрво го кажал неговиот завет за невестата Британи Вилијамс и потоа клекнал на колена и дал навистина прекрасни ветувања на нејзината 5-годишна ќерка Хајди.

Младоженец напишал прекрасен свадбен завет за неговата 5-годишна поќерка

„Неговиот гест многу ми значи, бидејќи тој не само што се ожени со мене, туку ѝ ги вети и нејзе истите работи и на тој начин сите ние станавме семејство“, изјавила невестата.

Ова е заветот на Мајк:

„Ветувам дека секогаш ќе бидам фер и искрен со тебе. Ветувам дека ќе те поддржувам на секаков можен начин. Ветувам дека секогаш ќе те држам за рака и ќе ти ја чешлам косата кога ќе ме замолиш. Ветувам дека секоја вечер ќе те покривам пред спиење. Ветувам дека ќе ти покажам како еден маж треба да се однесува со неговата жена, преку мојата врска со мајка ти. И најмногу од сѐ, ветувам дека ќе те штитам, ќе се грижам за тебе и ќе те сакам најмногу засекогаш.“

Младоженец напишал прекрасен свадбен завет за неговата 5-годишна поќерка

Младоженецот се обидувал да ги задржи солзите и убаво да ги изговори зборовите. Невестата исто така била преплавена со емоции.

„Навистина е реткост да се најде човек кој ќе ве сака безусловно, но кога во врската доаѓате со голем багаж и со уште едно мало девојче, вистински благослов е да се најде маж кој ќе ѝ вети безусловна љубов и нејзе“, објаснува Британи.

Младоженец напишал прекрасен свадбен завет за неговата 5-годишна поќерка

Мајк бил присутен во животот на Хајди уште кога имала само 14 месеци. На почетокот, Британи се однесувала многу заштитнички кон нејзината ќерка и не сакала да избрзува. Не сакала Хајди да се приврзе за Мајк пред да биде сигурна дека нивната врска ќе трае.

„Мајк беше многу трпелив. Ми се случуваше да прекинувам филмови и љубовни состаноци за да менувам пелени и да ја заспивам Хајди во 10 часот навечер. Немав слобода да одам на нормални љубовни состаноци и да бидам спонтана затоа што имав дете. Не му дозволував да преспие кај мене, освен кога Хајди беше кај татко ѝ. Тој ниту еднаш не се изнервира, ниту, пак, покажа дека му е непријатно поради ваквата ситуација“, раскажува Британи.

Како што изминувале годините, Биртани и Мајк се спријателиле со таткото на Хајди, кој сѐ уште претставува голем дел од нејзиниот живот.

„Два дена по венчавката отидовме во посета на татко ѝ. Откако се разделивме со татко ѝ, целта ми беше да останам пријателка со него, но и да ѝ дадам на Хајди добар пример за тоа како треба да функционира една здрава врска. И успеав во сето тоа“, отворено зборува Британи.

Младоженец напишал прекрасен свадбен завет за неговата 5-годишна поќерка

Во 2015 година парот се свршил и почнале да живеат заедно. Тогаш врската меѓу Хајди и Мајк навистина почнала да цути.

„Мајк веднаш ја презема улогата на татко со тоа што ја заспиваше и ја бакнуваше пред да замине на работа. Нормално дека се соочивме со некои пречки на патот, сепак не постои упатство за вакво нешто, но на крајот на краиштата ова беше едно прекрасно патување на кое сите бевме трпеливи, отворени и искрени. И најважно од сѐ, не заборавивме да се забавуваме“, завршува Британи.

Оваа прекрасна приказна не е приказна со среќен крај, туку со среќен почеток на една нова авантура која влева надеж дека вистинската љубов навистина постои.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар