Млада мајка ја покажа страната на депресијата што не ја гледаме
Изминативе денови една 25-годишна мајка ги разбранува социјалните мрежи кога ги нагласи аспектите од депресијата за кои ретко се зборува. На 30-ти јуни, Британи Ернспергер направила многу искрена објава за нејзината депресија и за тоа како таа не ѝ дозволува да се грижи за себе и да ги заврши и најобичните обврски во домот.
„Еве како изгледа депресијата. Не. Не мислам на измиените садови. Туку тоа што воопшто има толку садови. Тоа што поминаа 2 недели без да ги измијам. Пред 3 дена седев на подот во кујната и ги гледав додека плачев. Знаев дека треба да се измијат. Колку многу сакав да ги измијам. Но, депресијата ме повлече надолу. Ме вшмука. Како црна дупка. Поминував покрај нив наутро и навечер и по цел ден. И само ги гледав. Си кажував дека можам да ги измијам. Си кажував дека ќе го направам тоа. Се чувствував победено секој пат кога не успевав да ги измијам. Правејќи ја депресијата уште полоша бидејќи неизвршувањето на некоја обврска е неуспех. Безвредна. Неуспешна. Некомпетентна. Глупава. Мрзлива. Сите овие нешта минуваат нив главата на некој со депресија. Цел ден. На тоа додајте и анксиозност и имате вистинска гозба. Да се плашите дека ќе ве остави сопругот бидејќи мисли дека сте мрзливи. Да ви е страв да ги пуштите луѓето во вашиот дом бидејќи ќе помислат дека сте валкани. Да се чувствувате како да ги изневерувате вашите деца бидејќи 3 ноќи по ред нема чисти садови за готвење. Па, повторно пица. И најлошиот дел е што не се само садовите. Облека, чистење, облекување, туширање, миење заби, нормални секојдневни задачи. Сè ова станува кошмар. Многу тешка задача. Понекогаш не се завршува ништо.“
Британи споделила и неколку зборови за поддршка за луѓето кои имаат проблеми со нивното ментално здравје.
„Депресијата е нешто за коешто ‘силните’ луѓе не зборуваат бидејќи не сакаат другите да мислат дека се ‘слаби’. Не сте слаби. Сте биле силни доволно долго и сте поминале низ многу што на вашето тело му е потребен одмор. Не ми е грижа ако единственото нешто што сум го направил денес е нанесување антиперспирант. Се гордеам на тоа. Одлично. Јас сум на ваша страна.“
Досега, објавата на Британи е споделена над 200.000 пати.
Прочитајте и кои работи ги прават луѓето кои ја маскираат нивната депресија.