Млада гимнастичарка без нозе докажува дека ништо не може да ви се испречи на патот кон среќата

Млада гимнастичарка без нозе докажува дека ништо не може да ви се испречи на патот кон среќата

28-годишната Џен Брикер е родена без нозе и нејзините биолошки родители ја дале на посвојување поради оваа состојба. Но, прекрасните родители кои ја посвоиле Џен ја научиле дека сѐ е возможно. Таа живее со страст кон животот, силна верба во себе и желба да им помогне на луѓето околу неа да успеат. Еве кои лекции можете да ги научите од оваа млада, инспиративна гимнастичарка.

Оваа млада гимнастичарка докажува дека ништо не може да ви се испречи на патот на среќата

1. Надминете го стравот

Таа советува да се соочите со работите и да ги направите достижни за вас. Дури и малите одлуки може да имаат големо влијание и да донесат одлични резултати. Таа вели дека треба да научите да се чувствувате удобно во својата неудобност.

2. Постојано повторувајте си потврдни зборови

Фразите како што се: „Јас го можам ова“, „Јас сум силна“, „Јас сум убава и ништо не може да оди против мене“ и слични на овие, покрај секојдневните молитви, се основен извор на мотивација за Џен.

3. Сакајте го вашето тело

Родителите на Џејн ѝ ја покажале позитивната и вистинската слика за нејзиното тело. Џен потврдува колку се важни зборовите на еден родител кон своето дете. Нејзините родители постојано ѝ зборувале дека таа е чудо, родена токму онаква каква што требала да биде. Најважно е тоа што не ѝ зборувале на клише начин, туку тоа го потврдувале и со своите постапки. Покрај љубовта кон своето тело, таа исто така научила да верува во своите способности, благодарение на љубовта од нејзините родители.

Млада гимнастичарка без нозе докажува дека ништо не може да ви се испречи на патот кон среќата

4. Соочете се со изразот во огледалото

Наместо да се гледате во огледалото и да ги барате своите недостатоци, постојано повторувајќи си ги своите маани, посветете се на убавите работи на себе и ќе забележите поголема радост во животот.

5. Вежбајте и живејте здраво

Џен вели дека малите одлуки донесуваат големи промени. Така, наместо чипс изберете овошје за ужина, а наместо да спиете 10 минути повеќе, одвојте го тоа време за вежбање. Како една жена може да биде гимнастичарка без нозе? Надвор од менталната мотивација, таа работи напорно за да создаде физички силно тело. Џен работи со тренер пет до шест дена во неделата. Исто така таа советува да спиете од седум до девет часа на ден.

6. Хранете се правилно

Џен настојува да се храни здраво. Таа јаде пет мали оброци на ден, снабдувајќи го своето тело со потребната храна преку целиот ден. Наскоро таа ќе ја издаде својата втора книга (после првата, наловена „Сѐ е возможно“ (Everything is possible)) каде што ќе сподели повеќе детали за нејзината исхрана, вежбање, целокупната благосостојба и здравото живеење.

Оваа млада гимнастичарка докажува дека ништо не може да ви се испречи на патот на среќата


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар