Митови поврзани со алкохолот кои сме мислеле дека се вистинити

Митови поврзани со алкохолот кои сме мислеле дека се вистинити

Кога станува збор за алкохолот многумина мислат дека знаат сѐ што може да се знае за него. Сите сме прочитале милион пати за штетните последици, сме ги слушале советите на лекарите и нашите родители, а и самите сме имале лично искуство со него. И покрај тоа, сепак постојат голем број популарни митови поврзани со алкохолот кои воопшто не се вистинити. Доколку ги знаете вистинските факти кои стојат зад овие митови, не само што би можеле да го подобрите вашето здравје, туку и би научиле како да пиете без тоа да остави негативни последици на вас. Во продолжение прочитајте ги најчестите митови за алкохолот кои не содржат ни малку вистина…

Митови поврзани со алкохолот кои сме мислеле дека се вистинити

Различни видови алкохол имаат различно дејство

Можеби сте чуле дека текилата ве прави пооткачени или дека виното го поттикнува филозофот во вас, но не постои научен доказ кој би можел да го потврди ова. Алкохол си е алкохол и тој ќе го има истиот ефект на вас, доколку го консумирате во иста количина. Разликата во тоа како се чувствувате е последица од начинот на кој го пиете алкохолот. Можеби текилата ја пиете побрзо, или виното го пиете со сок, што значително го менува неговото дејство.

Сулфатите предизвикуваат главоболка

И покрај тоа што е научно докажано дека сулфатите не предизвикуваат главоболка, митот и понатаму продолжува да постои. Помалку од 1% од луѓето се вистински чувствителни на сулфати. Кога таа чувствителност се манифестира, реакцијата е во вид на алергија како на пример отежнато дишење. Главоболката е последица од додадените шеќери или други хемиски супстанции како што се хистаминот и тираминот.

Белото вино е поздраво од црвеното

Многу луѓе веруваат дека белото вино е поздраво и дека содржи помалку калории затоа што не содржи толку шеќер колку црвеното. Сувите бели вина навистина имаат помалку шеќер од сувите црвени, но разликата не е воопшто значителна и не доведува до никакви последици. Доколку пиете вино поради вашето здравје, одберете црвено, бидејќи содржи повеќе антиоксиданси.

Кафето ќе ве отрезни

Не постои доказ дека кофеинот ќе ви помогне да се отрезните побрзо. Кофеинот нема да го забрза обработувањето на алкохолот во вашето тело. Кафето можеби ќе ви помогне да се чувствувате побудни, но нема да ви го излечи мамурлакот.

Можете да го надмудрите алкомерот

Не сакаме да ви го скршиме филмот, ама не можете да го надмудрите алкомерот. Постојат одредени митови според кои ако шмукате паричка, јадете зачинета храна или излижете многу бонбони, ќе успеете да го скриете присуството на алкохолот во вашиот здив. Алкомерот е создаден да го измери количеството на алкохол во крвта. Можете колку сакате да се обидувате да го маскирате мирисот на алкохол во вашиот здив, но тоа нема да ја намали количината на алкохол во крвотокот. Постои само едно докажано решение: Не пијте кога возите!

Ако пиете прво пиво, а потоа жесток алкохол, ќе ви биде полошо

Сите сме чуле дека ако пиеме прво пиво или вино, а потоа продолжиме со нешто жестоко, ќе ни биде многу лошо. Вистината е дека редоследот воопшто не е важен. Дали ќе ви се слоши зависи само од тоа колку ќе испиете, така што не претерувајте со алкохолот без разлика на видот.

Митови поврзани со алкохолот кои сме мислеле дека се вистинити

Ако земете ибупрофен пред да пиете, ќе го спречите мамурлакот

За жал, главоболката како последица од мамурлакот ќе настапи откако ефектот на апчињата ќе биде веќе одамна поминат и секогаш треба да одбегнувате да земате какви било апчиња кога пиете. Ибупрофенот може да го оштети вашиот желудник и да предизвика воспаление на црниот дроб.

Алкохолот ги уништува мозочните ќелии

Можеби се чувствувате малку глупави по цела вечер помината во пиење, но не плашете се бидејќи не сте изгубиле ниту една од вашите мозочни ќелии. Алкохолот ја нарушува мозочната функција, но не преку уништување на ќелиите, туку со тоа што ги оштетува дендритите на невроните во малиот мозок кој е одговорен за учењето и моторната координација. Ова малку ќе ве забави, но не може да уништи цели мозочни ќелии.

Можете да пиете многу црвено вино затоа што содржи антиоксиданси

Постојат повеќе истражувања кои покажале дека црвеното вино е корисно за здравјето до одредена мера, но ако претерате тоа нема да резултира со зголемени здравствени придобивки. Клучот е во умереноста. Држете се до една или две чаши на ден за најдобро да го почувствувате позитивниот ефект.

Ако еднаш го скршите мразот со тоа што ќе отидете во тоалет, нема да престанете со мокрење

Иако алкохолот навистина ве тера почесто да одите во тоалет, тој нема никаква врска со тоа кога прв пат ќе отидете. Количината на течноста што ја внесувате е она што ве носи во тоалетот, а треба да знаете дека алкохолот е диуретик што значи дека предизвикува почесто да уринирате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар