Митот за биолошкиот часовник на жените
Поради информациите кои ги читаме во медиумите, ќе помислиме дека биолошкиот часовник е нешто кое го имаат само жените. Но изгледа дека ова е грешка. И на двата пола им станува потешко да имаат деца со текот на годините, и е многу поверојатно дека децата ќе имаат компликации за време на пораѓајот ако се од постари родители. Најголемата разлика е тоа што плодноста кај мажите се намалува 5 години подоцна отколку кај жените.
Овие информации се од истражување спроведено во 2007 година во Франција во кое учествувале околу 2.000 парови. Друго истражување покажало дека мажите кои имаат над 35 години имаат двојно поголеми шанси за неплодност од мажите кои се 25 години или помлади. Квалитетот на спермата се намалува со текот на годините со тоа зголемувајќи ги ризикот за спонтан абортус и шансите детето да има здравствени проблеми, како на пример аутизам.
Од каде доаѓа поврзаноста на биолошкиот часовник со жените?
Ова недоразбирање произлегува од фактот дека плодноста кај мажите почнала да се истражува дури неодамна. Жените имаат различни периоди на репродукција, а тие имаат јасен почеток и крај. Нам ни е познато дека мажите произведуваат сперма од пубертетот па до крајот на животот, па сè до неодамна било непознато дали спермата е исто ефективна во текот на целиот живот.
Додека жените се родени со конечен број на јајце клетки, мажите произведуваат спрема во текот на целиот живот, со тоа што постоечките сперматозоиди ја реплицираат својата ДНК и потоа се делат на две, одново и одново. Ова може да изгледа како фонтана на младоста за мажите, но всушност повеќе наликува на играта „Расипан телефон“. Секој пат кога овој процес се повторува, постои шанса дека ДНК-та барем малку ќе се промени.