Мистичен спа-центар за релаксација и полнење на батериите
„Brilliant Resort & Spa Center Chongqing“ е совршено место за да ги исклучите секојдневните грижи од мислите, да се релаксирате и да ги наполните батериите пред да им се вратите на предизвиците со нови освежени сили. Вгнезден е помеѓу изобилството од термални извори во мистичните планини над реката Џијаланг, во југозападниот дел на Кина. Околу него можат да се најдат и антички храмови кои во минатото служеле како прибежиште за оние кои барале спас во прочуената лековитост на овие извори.Спа-центарот Чунгкинг е составен од 31 вила, секоја со сопствен базен, тераса и градина. Покрај тоа, гостите можат да ги користат и заедничките барови кои служат традиционална кинеска и јапонска храна, фитнес и јога центарот, како и прекрасната кинеска чајџилница. Сето тоа е украсено во автентичен кинески стил, создавајќи идеален амбиент за полнење на духот и телото со нова енергија.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.