Мистериозните „самовилски кругови“ во пустината Намиб
Самовилските кругови се кружни области со трева во чија внатрешност има неплодна земја. Тие се појавуваат во пустините по југозападниот брег на Африка. Во пустината Намиб, овие прстени постојат со декади и се појавуваат како по шаблон. Според едно истражување објавено во журналот „Science“ се верува дека еден вид песочни термити (Psammotermes) може да стојат позади појавата на оваа тревна уметност.
Погледнете ги наредниве фотографии од овие мистериозни „самовилски кругови“ кои ја украсуваат пустината Намиб.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.