Мистериозни природни феномени кои докажуваат дека планетата Земја е полна со изненадувања
Човечкото знаење иако е големо, сепак не е бесконечно. Луѓето сѐ уште ги немаат откриено сите мистерии што ги крие Земјата и далеку се од дознавањето на апсолутната вистина. Следниве природни феномени го докажуваат токму тоа. Прочитајте за овие тајни на мајката природа за кои веројатно не сте слушнале досега…
Огнот на Свети Елмо
Мистериозни огнови ги осветлуваат врвовите на кулите и јарболите на бродовите, обично за време на бура. Во Средновековниот период, Европејците верувале дека оваа разиграна светлина е ветениот подарок од Свети Елмо, светецот заштитник на морнарите. Според легендата, овој светец им ветил на морнарите дека ќе се моли за нив и ќе ги предупредува во случај на невреме преку светлина на јарболите.
Вулкан на Антарктикот со снежни туби
Планината Еребус е еден од најголемите и најактивните вулкани на Антарктикот. Овој вулкан е прекриен со снежни туби создадени од замрзната пареа што доаѓа од пукнатините на вулканот.
Светлосни столбови
Овој прекрасен оптички феномен се јавува кога светлината од сонцето, месечината или од градските сијалици се рефлектира од малите ледени честички во воздухот.
Снежни „шпагети“ во финско езеро
Еден човек од Финска открил дека во езерото блиску до неговата куќа има снежни остатоци, меки како памук, кои личеле на шпагети. Подоцна сфатил дека може да направи снежни топки од овој „памук“. „Памукчињата“ веројатно го добиле нивниот облик благодарение на движењето на ветрот и водата пред да се стопи паднатиот снег.
Разиграна шума
Во Русија постои шума каде што дрвјата се свиткани на многу чуден начин и научниците сѐ уште го немаат разоткриено овој феномен. Некои мислат дека виновници за тоа се паразитите, додека, пак, други ја префрлаат вината на силните морски ветрови. Суеверните луѓе веруваат дека местото е проколнато.
Продолжете на следната страница за повеќе фасцинантни феномени…