Мистериозната моќ на црвената боја

Мистериозната моќ на црвената боја

Низ историјата и културите, црвената боја отсекогаш имала силно симболично значење. Таа е боја на романсата (црвени рози), боја која често се поврзува со сексуалноста (дама во црвено), како и боја која е поврзана со физичката агресија (крв). Но, она што е најинтересно е дека црвената боја има и еден вид психолошка моќ, која изгледа дека е надвор од нашата свесност. Погледнете ги наредниве 3 домени каде што црвената боја покажува неверојатно влијание…

Мистериозната моќ на црвената боја

Секс. Истражувачите покажале дека црвената боја е поврзана со зголемување на привлечноста помеѓу одредени женски примати кај животните. Исто така, студиите откриле и дека мажите имаат повисока сексуална заинтересираност кон оние жени кои носат црвено. Во една студија која ги илустрирала овие откритија до екстреми, на учесниците им биле покажувани фотографии од жени кои носат црвена, сина, зелена или бела маичка и потоа ги евалуирале привлечноста и сексуалноста кај овие жени. Што откриле истражувачите? Мажите во оваа студија покажувале поголема сексуална привлечност кон оние жени кои носеле црвено, дури и во оние ситуации кога факторот „физичка привлечност“ бил строго контролиран.

Постигнување. Студиите покажале дека погледот кон црвената боја може да ја подобри успешноста во завршување на задачите бидејќи е поврзана со закана од неуспех и може да поттикне одбегнување на истата. Дури и луѓето на кои им било покажано само на момент црвена светлина пред почетокот на тестирањето, постигнале подобри резултати од останатите. На пример, една серија од 4 експерименти открила дека погледот кон црвената боја пред тест за интелигенција или важен испит значително го подобрувала перформансот.

Доминантност. Истражувањата ни покажале дека личноста или тимот кои носат црвената боја имаат поголеми шанси да победат на физички натпревар отколку оние кои носат друга боја. Во една студија од учесниците било побарано да замислат дека се натпреваруваат против натпреварувачи од истиот пол во следниве две сценарија: Нивниот тим да носи црвена боја или да се натпреваруваат против тим кој носи црвена боја. Резултатите покажале дека црвената боја ја зголемувала перцепцијата за својата доминантност и закана, но доколку е од спротивната страна, истото се случувало и за доминантноста и заканата на противникот. Овие откритија подеднакво важеле и за мажите и за жените.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар