Мистериозна шума со дрвја во облик на буквата „Ј“

Мистериозна шума со дрвја во облик на буквата „Ј“

Во близина на селото Нове Чарново во Полска се наоѓа мистериозна шума со околу четиристотини парчиња борови од еден до три метри височина. Тоа не би било чудно доколку дрвјата не беа искривени во форма на буквата Ј.

Мистериозна шума со дрвја во облик на буквата „Ј“

Многумина се обиделе да го протолкуваат феноменот „Крива шума“, но никој не успеал да ги докаже своите теории.

Станува збор за дрвја засадени во триесеттите години на минатиот век, а се претпоставува дека шумарите ги искривиле стеблата десет години подоцна за да можат полесно да се користат во дрвната индустрија, особено за изградба на бродови.

Други сметаат дека младите дрвја се свиле под дебелата снежна покривка во текот на зимските месеци, додека љубителите на мистериозноста претпоставуваат дека обликот на боровите се должи на фактот дека низ оваа област поминале тенкови во Втората светска војна.

Се разбира, секогаш постои група на луѓе кои веруваат дека искривените стебла се резултат на нешто натприродно. Иако не е познато што точно влијаело на изгледот на оваа шума, сепак нејзиниот шарм и магичност воодушевуваат многу патници.

Откако прочитавте за оваа мистериозна шума, можеби ќе сакате да прочитате и за мистериозното место од најлошиот кошмар: Дали ова е најстрашната опседната куќа во светот.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар