Мистериите од малите екрани

Мистериите од малите екрани

Издвојуваме неколку нерешливи мистерии од малите екрани кои сигурно сте ги виделе и ве оставиле збунети.

(1)misteriite-od-malite-ekrani-kafepauza.mk

1. Како Твити ја одржува својата рамнотежа на нишалката во кафезот кога има толку голема глава?

2. Ако Којотот од цртаниот филм „Брзата птица итрица“ имаше доволно пари за стотици бескорисни направи со кои се обидуваше да ја улови птицата, зошто едноставно никогаш не порача печено пилешко месо и сѐ друго што ќе посака?

3. Зошто Супермен, Бетмен и останатите суперхерои носат гаќи врз пантолоните?

4. Кога подобро ќе размислиме, какво дејство има спанаќот на Попај? Дали тоа е навистина спанаќ? Или можеби тоа е некоја мешавина од марихуана со кокаин и спид?

5. Каква чудесна „напивка“ конзумираат седумте џуџиња, што после 20 саати работа од рудникот излегуваат пеејќи?

6. Дали Пинк Пантер е првата геј икона што била масовно рекламирана? Дали Пинк Пантер е машко или женско? Зошто секогаш е без облека?

7. Зошто Црвенкапа мораше да поставува толку прашања пред да сфати дека бабата е всушност лошиот волк? Дали Црвенкапа има проблеми со видот?

8. Зошто сите Дизниеви јунаци имаат четири прсти и носат бели ракавици? Дали ни праќаат порака дека постојат вонземјани?

9. Како дедото на Хајди успеваше да ја одржува колибата на швајцарските Алпи со својата мала пензија?

10. Зошто Неверојатниот Хулк успева да го уништи секое парче облека, освен неговите пантолони? Или можеби пантолоните се направени од растеглив материјал?

11. Зошто сите негативци сакаат да ја уништат Земјата? Каде планираат да живеат после тоа? Идиоти!

12. И зошто семејството Каменковци слават Божиќ, иако живееле многу години пред раѓањето на Исус?

13. Ако Попај и Олива никогаш немале секс… Од каде тогаш излезе малиот Кичо и зошто толку личи на Перо Ждеро?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар