Мисловниот процес на луѓето што никогаш не можат да заспијат

Мисловниот процес на луѓето што никогаш не можат да заспијат

Колкупати ви се случило мозокот да ви е толку активен пред спиење, што едноставно не можете да го стишите и да ги држите очите затворени подолго од 3 секунди? Со оглед на тоа каков живот водиме, често се случува да сме толку многу во брзање, што мозокот заборава дека треба и да спие. Тоа ни прави дополнителни тешкотии на веќе тешките денови, бидејќи следниот ден сме уморни и не можеме ни обврските со време да ги завршиме. Се пронајдовте? Но што точно се случува во вашата глава? Прочитајте во продолжение…

Мисловниот процес на луѓето што никогаш не можат да заспијат

Ајде да кажеме дека сега засега, апчињата за спиење се резерва. Тие секако ќе проработат и ќе вреди за неколкуте часа сон, но станувањето утре ќе биде невозможно.

Епа ајде прво да се обидеме со нешто друго. Книга? Во ред. Да почнеме… Каде бев? Ах да, се сеќавам на оваа реченица. Продолжувам. Читам книга! Не гледам во екран, што е добро, барем така велат експертите. Каде ли го научив тоа? Одлично е што ја читам книгава. Чекај, чекај, што велеше последната реченица? Да се вратам малку назад, не сфатив ништо. Во ред, може да се продолжи. Читам книга. Дали ова ќе ми помогне да заспијам? Сè уште сум многу буден/будна. Ах, само што прочитав цела страница и на ништо не се сеќавам!

Во ред, ова не вреди.

Нетфликс? Можеби повторно да почнам да гледам некоја комедија? Не се сеќавам ни што сум гледал/а. А да, „Луди 70-ти“ (That 70s Show). До која епизода ли сум? Мислам дека е оваа. Во ред, пуштам.

Кога стигна 1 часот и 12 минути? Не ни забележав кога изгледав 5 епизоди! Време е лаптопот да се затвори.

Лежам и гледам во таванот. Можеби треба да бројам, тоа знае да помогне. Еден, два, три, четири, пет, шест, сед… колку е часот сега? 1 и 14 минути! Можам барем малку да се наспијам ако заспијам во следните 10 минути. Ајде да се вратам на броењето! Еден, два, три, четири, пет, шест, седум, осу… Треба да одговорам на имејлот од Тамара, 3 дена доцнам со тоа. А нели требаше и да се чујам со Стефан? Во ред, нема простор за паника, ќе се заврши тоа уште рано наутро. Јави се кај Стефан, пушти имејл кај Тамара. Јави се ја Стефан, пушти имејл кај Тамара…

Еден, два, три, четири, пет – сега брзам со броењето, не е тоа поентата.

1 и 57! По ѓаволите. Тешко мене. Каде се апчињата?

Ова би требало да помогне. Само половина апче ќе биде доволно, а утре ќе надополнам со кофеин за потребната енергија. Исто така ќе бидам поуморен/поуморна пред спиење утре, што е добро. И ќе си легнам порано, па ќе имам повеќе време за спиење. Еден, два, три…

Одлична техника против несоница: Забавен начин да заспиете лесно и да не се будите постојано!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар