Мисли кои секој би сакал да му ги каже на својот бивш партнер

Мисли кои секој би сакал да му ги каже на својот бивш партнер

После лошиот прекин на врската или разводот, секогаш останува нешто што не е докажано. И покрај тоа што многу луѓе фантазираат да се јават кај својот бивш партнер и да му/ѝ го кажат она што навистина го мислат, мал број од нив собираат храброст за тоа навистина да го направат. Токму затоа „The Huffington Post“ направиле анкета и ги издвоиле најинтересните исповеди од читателите. Сигурни сме дека барем една од овие мисли би сакале и вие јасно и гласно конечно да ја изговорите…

Мисли кои секој би сакал да ги каже на својот бивш партнер

1. „Ти простувам затоа што се обиде да го скршиш мојот дух. Знам дека во тоа време се чувствуваше многу лошо во врска со себе.“

2. „Јас всушност научив многу од тебе. Штета што ти нема да имаш придобивки од тоа што јас го научив.“

3. „На почетокот беше супер! Потоа беше само добро. А потоа, стана многу осамено. И сега сè тоа е позади мене и јас сум вистински среќна. Требаше да го направиме ова неколку години порано!“

4. „Моментот кога создадовме нов човечки живот беше моментот кога требаше да одбереш да го поминеш својот живот така што некој друг ќе ти биде број 1 на листата.“

5. „Сексуалниот живот ми е подобар откако ти си отиде.“

6. „Ти простувам затоа што никогаш не призна дека имаш потреба да ти простам.“

7. „Извини, го подарив твоето глупаво цеде од Брајан Адамс.“

8. „Жал ми е затоа што не успеавме да функционираме како тим и да им покажеме на нашите деца дека бракот е нешто свето кое вреди да се спаси.“

9. „Ти благодарам што ме пушти да си одам. Твојата одлука ми помогна да запознам прекрасен маж со кој ги живеам најубавите денови од мојот живот.“

10. „Жал ми е. Посакувам да можев да го вратам времето. Навистина ми недостасуваш.“

11. „Ми вети дека засекогаш ќе бидеме заедно и ме натера да ти ветам дека никогаш нема да ти побарам развод… И потоа ти ме напушти. Нема да ти се заблагодарам затоа што ме напушти бидејќи можев да бидам среќна покрај тебе до крајот на мојот живот. Но, сепак успеав да станам жената која сум денес и без твоето присуство покрај мене, па токму затоа сум ти благодарна!“

12. „Нашите животи се многу послатки и помирни без твоето присуство. Ние супер си поминуваме и веќе почнавме да си надокнадуваме за сите тие години кои ги поминавме во лудило.“

13. „Ти благодарам што ме напушти мене и нашите деца таа ноќ. Тоа ме натера да станам независна, амбициозна личност со диплома од факултет, каква што сум денес.“

14. „Навистина не жалам за ништо. Во еден момент од мојот живот имаше посебна цел, но повеќе не.“

15. „Те молам знај дека е можно да се најде нова љубов и по првото кршење на срцето. Во меѓувреме, фокусирај се на себе и децата.“

16. „Тогаш мислев дека никогаш нема да можам да продолжам. Вистината е дека твојата афера беше всушност најголемиот подарок за мене. Од тогаш станав многу успешна личност и ја пронајдов мојата внатрешна сила. Се заблагодарувам и на твојата љубовница.“

17. „Ти посакувам многу повеќе од животот кој ти го избра. Се надевам дека еден ден ќе сфатиш што имаше и од што се откажа. Животот е многу повеќе од површните врски.“

18. „Чисто информативно, врските кои започнуваат како афери немаат тенденција да траат долго време.“

19. „Грижи се за себе затоа што јас веќе не можам да се грижам за тебе.“

20. „Ти благодарам што побара развод. Со тебе никогаш немаше да сфатам колку е добар животот.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар