Мислењето на еден психијатар за алкохолот ќе ве натера да престанете да го консумирате
Има многу да се каже за оваа широко распространета „дрога“. Малку луѓе би го нарекле алкохолот дрога, и тоа поради фактот што е легален, постојано се рекламира и ние го доживуваме како нешто гламурозно. Но дали сте свесни колку е всушност опасен? И тоа не само за луѓето кои се борат со алкохолизам, туку за секој кој ужива по некоја пијачка.
Алкохолот е поштетен отколку што мислите
Повеќето луѓе не разбираат како и до кој степен алкохолот влијае на нашето физичко и емоционално здравје. Познато е дека е канцерогени, дека го намалува витаминот Б12, како и производството на витаминот Д. Исто така, алкохолот ја блокира апсорпцијата на калциум, го оштетува црниот дроб и предизвикува губење на сеќавањето. На училиште учиме за опасностите од алкохолизмот и злоупотребата на супстанци, но тоа образование застанува овде. Не учиме за вистинската токсичност на алкохолот и за тоа како дури и умерената консумација може да му штети на нашето тело. Многу луѓе се под притисок да пијат, дури и кога не сакаат, бидејќи секое излегување се сведува на тоа.
Мислењето на еден психијатар
Во следново видео еден психијатар ја објаснува потребата од консумирање алкохол, како и неговите ефекти на нашето тело.
Алкохолот може да ве зароби во лош круг. Се чувствувате лошо кога не пиете, па пиете повторно за да го почувствувате допаминот кој ви недостигал. А кога ќе помине дејството на алкохолот, вие се чувствувате уште полошо. Изгледа дека единствениот излез е повторно да пиете, па така циклусот продолжува. Сигурно на многумина од вас ви е познато ова чувство.
Ако станеме свесни за нашата вредност и ако почнеме навистина да се сакаме, можеби ќе сфатиме дека нема потреба од алкохол за да се чувствуваме добро. Обидете се да се откажете од алкохолот на барем еден месец за да видите како ќе се чувствувате. Многумина сакаат да водат здрав живот, па се хранат здраво, вежбаат, медитираат, но прават исклучок кога станува збор за алкохолот.
Ова важи и за која било друга супстанца. Ако ни е потребно нешто за да избегаме, или пак да ни помогне да се справиме со некоја социјална ситуација, можеби треба да се прашаме кои работи нè тераат да се чувствуваме така. Многу често забораваме за што всушност сме способни, им дозволуваме на надворешните фактори да влијаат на нашата самодоверба и му дозволуваме на минатото да влијае на нашата сегашност. Сепак, имаме моќ да создадеме што било, па нема потреба од консумирање алкохол за да се чувствуваме подобро.
Погледнете кои се последиците од само една ноќ претерано пиење алкохол.