Минималисти наспроти максималисти: Како изгледа еден типичен ден во нивниот живот?

Минималисти наспроти максималисти: Како изгледа еден типичен ден во нивниот живот?

„Колку и да ги сакаме работите, тие не се дел од нас“, вели Томас Гилович, професор по психологија на Универзитетот Корнел .

Минималистите се дефинираат себеси според нивните искуства, а не според она што тие го поседуваат. Додека тие секогаш настојуваат да го поминуваат својот ден во исчистен простор и бараат едноставност, максималистите се сосема спротивни. Тие го исполнуваат својот простор со интересни и разновидни детали. Според ова, дневните навики на минималистите и максималистите се разликуваат. Еве како изгледа еден нивен типичен ден.

1. Кога стануваат

(1) Минималисти наспроти максималисти: Како изгледа еден типичен ден во нивниот живот?

Средувањето на креветот наутро обично е навика за минималистите. Максималистите оставаат неред зад себе.

2. Кога се подготвуваат за излегување

(2) Минималисти наспроти максималисти: Како изгледа еден типичен ден во нивниот живот?

Минималистите ставаат едноставна шминка. Максималистите трошат часови на подготовка.

3. Кога готват

(3) Минималисти наспроти максималисти: Како изгледа еден типичен ден во нивниот живот?

Кога готват, минималистите настојуваат да го одржуваат просторот среден и чист. Максималистите не внимаваат на тоа што се случува околу нив.

4. Кога го користат својот компјутер

(4) Минималисти наспроти максималисти: Како изгледа еден типичен ден во нивниот живот?

Десктопот на минималистите е постојано среден, бидејќи тие секаде бараат уредност. Од друга страна пак, максималистите уживаат во нередот.

5. Кога се одмораат

(5) Минималисти наспроти максималисти: Како изгледа еден типичен ден во нивниот живот?

Минималистите најчесто остануваат во една положба и спијат помирно, што не е случај со максималистите кои постојано се превртуваат.

6. Кога ги бараат работите што им се потребни

(6) Минималисти наспроти максималисти: Како изгледа еден типичен ден во нивниот живот?

Бидејќи минималистите се луѓе кои се уредни и секогаш по користењето на работите истите ги враќаат на нивно место, тие многу лесно можат да најдат нешто што бараат. На максималистите ова им оди потешко.

7. Кога работат

(7) Минималисти наспроти максималисти: Како изгледа еден типичен ден во нивниот живот?

Како и сѐ друго, минималистите ја одржуваат уредна и нивната работна средина. Дефинитивно не може да се каже истото и за максималистите

Предноста за вреднување на искуствата наспроти материјалните работи

Гилович, повеќе од една деценија бил посветен на проучување на среќата и како таа е поврзана со искуствата и она што го поседуваат луѓето. Според него, постојат три главни причини зошто дејствувањето носи повеќе задоволство и чувство на исполнетост, отколку поседувањето: Тоа што го искусуваме е дел од нашиот идентитет, кога ќе доживееме некои работи ние социјално се поврзуваме со другите, а и не се раѓа љубомора поврзана со искуствата, која честопати постои кога станува збор за поседувањето материјални работи.

Материјалните работи не нудат спомени

Луѓето кои сѐ уште не станале минималисти, честопати веруваат дека нештата ги претставуваат спомените.

„Се држиме кон овие работи затоа што мислиме дека ќе ни користат во некоја хипотетичка иднина, што всушност и не постои“, вели Милбрн. „Го чуваме сето ова во случај да не ни притреба еден ден. Научив дека спомените не се во материјалните работи. Затоа ги чував овие работи, затоа што мислев дека спомените беа во нив, но тоа не беше така.“

Минималистите знаат дека спомените се дел од нас и од нашите мисли, а не дека се содржани во материјалните работи!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

  1. Минимакс Reply

    Јас се најдов во пола работи мини, во другите макси. Што сум, минимакс?

Остави коментар