Мило бебе-панда си игра со голема топка
Доколку некогаш посакате да направите прекрасно вирално видео, еве ги инструкциите коишто треба да ги следите: земете некое животинче-бебе, колку поретко или повлакнесто, толку подобро. Потоа, дадете му некаква играчка, која е препорачливо да биде поголема или иста колку големината на слаткото животинче. Потоа, оставете го насамо со играчката околу еден час и уживајте во слатката слика пред вашите очи.Чуварите во Зоолошката градина во Сан Диего, тврдат дека на ова бебе-падна со име Xiao Liwu, му дале само голема зелена топка, за да има нешто со коешто ќе си игра, до нивната следна посета. Но, нема шанси ова да е точно. Никој не може да создаде по случаен пат, олку слатко видео. 🙂Мечето очигледно се вљубило во неговата нова ирачка, чим не ја испушта од раце и постојано ја гушка. Погледнете:
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.