Милион ружи за лутата сопруга
Дека луѓето можат да изнајдат безброј начини само да го решат недоразбирањето со својот партнер, говори и овој пример во кој мажот во знак на извинување на својата сопруга ѝ подарил 1 милион ружи. Човекот доаѓа од Казахстан, па откако се скарал со својата сопруга решил да ја изненади на сосема неочекуван и досега невиден начин.Тој навистина се намачил за да го направи ова изненадување. Бидејќи тие живеат на југот од Казахстан, за да најде соодветна цвеќарница која ќе ги набави цвеќињата, морал да појде во најголемиот град во државата, Алмати.
„Веќе ги нарачавме ружите од Холандија. Сите ќе бидат црвени и со иста големина. На сите купувачи кои нарачуваат поголема бројка на цветови им даваме голем попуст, ама досега никогаш не се случило некој да купи олку многу цветови“, – изјавил продавачот од цвеќарницата.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
сигурно после тоа му се налутила зашто толку пари на ружи потрошил 😀