Милијардер го дал своето богатство за да помогне да се спасат океаните
Бизнисменот од Норвешка, Кјел Инге Роке не е личност која била ценета за придонесот за заштита на околината. Тој бил опишуван како безмилосен лидер на корпорација и ги направил своите милијарди со транспорт и вадење нафта од океаните.
Но приказната добила вистински пресврт кога Роке одлучил да даде голем дел од неговото богатство кое изнесува речиси 2,7 милијарди евра за изградба на брод за истражување кој е дизајниран и за собирање на пластика од океаните.
Бродот ќе може да собира и до 5 тони пластика дневно од водата и да ја стопи.
„Сакам да му вратам на општеството дел од мојата заработка. Овој брод е дел од тоа.“
Огромната јахта, која ќе биде најголема во светот штом ќе се изгради, ќе може да пренесува 60 научници и екипаж од 40 луѓе. Ќе биде опремена со модерни лаборатории, аудиториум, 2 хелидроми и хангар. Исто така ќе има опрема за набљудување на водните површини. Јахтата ќе биде достапна и за туристи и може да собере 36 гости и екипаж од 54 луѓе. На овој начин ќе се зголемат приходите за истражувањето.
Роке, кој порано бил и рибар, изјавил дека океаните се од голема важност за општеството, но и за него и за неговото семејство.
„Океаните се под голем притисок дури и пред претераниот риболов, загадувањето, уништувањето на живеалиштата, климатската промена и киселоста на океанот. Еден од најголемите проблеми е пластиката во океаните. Мора итно да се најде решение.“
Додека се на бродот, истражувачите ќе се обидат да одговорат некои од најважните прашања поврзани со океаните и морињата на Земјата.
- Какво влијание има емисијата на јаглероден диоксид на океаните и нивната киселост и како можеме да ги намалиме ефектите?
- Како можеме да се справиме со загадувањето со пластика кое предизвикува голема штета во водниот синџир на исхрана?
- Што можеме да направиме за да ги спасиме загрозените видови?
- Како можеме да го намалиме риболовот и да го направиме користењето на водните ресурси одржливо?
- Дали има недопрени ресурси во океаните преку кои би добиле нови извори на храна или енергија за идните генерации?
„Јахтата ќе биде платформа за собирање знаење. Би сакал да ги поканам истражувачите, групите за заштита на околината и другите институции да стекнат нови вештини и да најдат решенија за овие предизвици.“
Јахтите, особено со оваа големина, можат да предизвикаат одредена штета на опкружувањето. Но, бродот има и некои „зелени“ карактеристики со чија помош ќе се направи побезбеден за околината и водата. Се очекува јахтата да се пушти во употреба до летото во 2020-та година. Оваа јахта не само што ќе биде најголема, туку ќе биде и најтешка со маса од цели 16.000 гигатони.
Погледнете како и вие да го намалите загадувањето на водата.