Милениумците имаат подобри финансиски навики од постарите генерации

Милениумците имаат подобри финансиски навики од постарите генерации

Милениумците се истакнуваат помеѓу другите на многу начини. Тие имаат подобро образование, поотворени се и се економски поактивни. Модерниот живот носи нови предизвици, а милениумците ги чувствуваат најмногу.

Милениумците имаат подобри финансиски навики од постарите генерации

Многу милениумци повеќе внимание му обрнуваат на сегашниот момент наместо да се грижат за иднината, а постарите ова го гледаат како идна финансиска катастрофа. Сепак, ова е мит во кој треба да престанете да верувате.

За милениумците, живеењето во сегашниот момент не значи немање пари во иднина. Всушност, гледајќи ги финансиските проблеми на нивните родители, милениумците развиле подобри навики за трошење од нив.

Генерација штедачи

Милениумците се поодговорни со нивните пари. Тие штедат повеќе од која било друга група. Во една анкета учествувале над 1.600 жители на САД кои кажувале за нивните навики за штедење и трошење. Се покажало дека 49% од испитаниците се опишале како „добри штедачи“. 56% од милениумците кои учествувале изјавиле дека знаат да штедат. Тие се подисциплинирани, размислуваат однапред и штедат за нивната иднина.

Справување со предизвици

Милениумците мораат да посветат време, внимание и пари на многу повеќе работи за разлика од претходните генерации. Тие често работат повеќе од една работа, исплаќаат студентски долгови, одговорно изнајмуваат дом или размислуваат да инвестираат во недвижнини. Справувањето со финансиите е навистина тешка работа, особено за личности кои не биле родени во богати семејства. И покрај многуте предизвици, многу милениумци успеваат да сврзат крај со крај бидејќи знаат кои нешта им се приоритет.

Добри навики за штедење

Милениумците ги имаат најдобрите стратегии за штедење, иако можеби немаат многу за да тргнат настрана. Во споредба со постарите генерации, милениумците почесто штедат за некоја цел. Тие имаат план за нивната финансиска независност и повеќе сакаат да заштедат, наместо да купат нешто што не можат да си го дозволат.

Следат план за трошење

Планирањето на буџетот и држењето до планот е навистина добра навика. Милениумците одлично знаат да ги насочат нивните средства кон едно нешто. Тие се свесни и знаат каде одат нивните пари, па со ова донесуваат одговорни финансиски одлуки.

Како и постарите генерации, така и милениумците сакаат да трошат пари. Но тие се издвојуваат со тоа што следат некаков буџет – дури 78% од нив изјавиле дека го прават ова, додека само 59% од постарите генерации имаат одредено буџет и се држат до него.

Побивање на стереотипите

Па дали милениумците имаат подобри финансиски навики од постарите генерации? Одговорот е да. Милениумците подобро се справуваат со финансиите од постарите. Повеќето внимателно ги следат нивните трошоци, дисциплинирани се кога станува збор за буџетот и обрнуваат внимание на нивните долгови. Ја користат технологијата во нивна корист и однапред планираат за нивната старост. Па, време е да престанете да им судите на милениумците и да сфатите дека тие сепак имаат подобри навики за трошење од другите.

Погледнете и кои се нештата што милениумците мораат да им ги објаснуваат на нивните родители.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар