Места во Фиренца кои мора да ги посетите - Part 2

Места во Фиренца кои мора да ги посетите

Палацо Векио (Стариот замок)

(4) mesta-vo-firenca-koi-mora-da-gi-posetite-kafepauza.mk

Палацо Векио е градското собрание на Фиренца и музеј на уметноста. Тука се наоѓаат едни од најубавите скулптури и фонтани во градот. И бидејќи во утринските часови местото е преплавено со туристи, најдобро е да го посетите попладне.

Галеријата Уфици

(5) mesta-vo-firenca-koi-mora-da-gi-posetite-kafepauza.mk

Доколку сте љубител на уметноста, дефинитивно мора да ја посетите галеријата Уфици. Тука се сместени најневеројатните ренесансни уметнички дела. Доколку вистински сакате да ја почувствувате ренесансата, галеријата Уфици е совршеното место за тоа.

Фјезоле

(6) mesta-vo-firenca-koi-mora-da-gi-posetite-kafepauza.mk

Фјезоле оставете го за некој од последните денови од патувањето. Тука има убави ресторани, стар манастир и секако, неодолив поглед. Место за одмор, уживање и малку историја.

Градините Боболи

(7) mesta-vo-firenca-koi-mora-da-gi-posetite-kafepauza.mk

Во градините Боболи ќе заборавите на урбаниот метеж. Местото е одлично за мал попладневен пикник и за читање книга. Тука ќе се релаксирате и ќе уживате во чистиот воздух.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

  1. Деа Reply

    Ова сигурно ви е инспирирано од ”Инферно” од Ден Браун 😀 Баш сега ја читам и ја опишува Фиренца, и се’ сакам да посетам! СЕ ОД ОВА

Остави коментар