Мередит и Дерек од „Вовед во анатомија“ ќе ви ја вратат вербата во вистинската љубов

Мередит и Дерек од „Вовед во анатомија“ ќе ви ја вратат вербата во вистинската љубов

Доколку ја обожувате ТВ серијата „Вовед во анатомија“, сигурно ќе се согласите дека Мередит Греј и Дерек Шепард се пример за тоа дека љубовта секогаш победува, дури и во најголемиот хаос! Во текот на сезоните, овој пар помина низ многу успеси и падови и сите постојано навивавме за нив, иако на крајот нѐ разочараа. Сепак, нивните спротивни карактери се причината зошто функционираа толку добро заедно. Тие се надополнуваа меѓусебно и ни ја вратија вербата во љубовта. Следниве цитати од Мередит и Дерек ќе ве уверат во тоа…

Мередит и Дерек од „Вовед во анатомија“ ќе ви ја вратат вербата во вистинската љубов

„Не можам, не можам да се сетам на нашиот последен бакнеж. Единственото нешто што ми се вртеше во глава беше помислата ’Ќе умрам денес, а не можам да се сетам на нашиот последен бакнеж’, а тоа е патетично. Но, последниот пат кога бевме среќни заедно, јас… сакам да се сетам на тоа, а не можам Дерек. Не можам да се сетам.“ – Мередит

„Изборот останува на тебе. Многу е едноставно, таа или јас. Сигурна сум дека таа е супер. Но, Дерек, јас те сакам. Те сакам толку што се преправам дека ми се допаѓа твојот музички вкус, ти дозволувам да го изедеш последното парче торта, држам радио над главата пред прозорецот од твојата спална. Те сакам поради работите за коишто те мразам. Затоа, одбери ме. Одбери ме мене. Сакај ме. Ќе бидам кај Џо вечер, па ако решиш да ги потпишеш документите, дојди таму.“ – Мередит

„Зар не гледаш? Зар не разбираш? Ти си љубовта на мојот живот. Не можам да те оставам.“ – Дерек

„Тоа значи дека имаш избор. Треба да направиш избор. И не сакам да те избрзувам со донесувањето одлуки пред да бидеш спремна. Утрово сакав да дојдам… Сакав да ти кажам… Она што сакав да ти го кажам… Но, сега сѐ што можам да кажам е дека… Те сакам. Отсекогаш сум те сакал. Малку доцнам, знам дека малку доцнам што ти го кажувам ова. Јас, јас само, јас само сакав да ти дадам време. Сето време што ти е потребно, бидејќи треба да направиш избор. А секогаш кога јас требало да направам избор, сум одбирал погрешно. Добра ноќ.“ – Дерек

Мередит и Дерек од „Вовед во анатомија“ ќе ви ја вратат вербата во вистинската љубов

„Не ме сфаќај погрешно. Јас сакам да се бакнувам. Целосно го поддржувам бакнувањето. Што повеќе бакнување, што е до мене.“ – Дерек

„Изгледаше како да се обидуваш да земеш свеж воздух. Ми се чинеше дека се давам, а ти ме спаси. Тоа е сѐ што знам.“ – Дерек

„Ти и јас. Не станува збор за возбудата предизвикана од бркотницата. Не станува збор за игра. Станува збор за твоите мали, неефективни тупаници. И твојата коса… Убаво мириса. И се однесуваш многу заповеднички. Тоа ми дава дисциплина.“ – Дерек

„Не умирај. Ме разбра? Не можам да живеам без тебе.“ – Мередит

Мередит и Дерек од „Вовед во анатомија“ ќе ви ја вратат вербата во вистинската љубов

„Јас бев сопругата во чекалната, Дерек. А многу е тешко да се биде сопругата во чекална, толку тешко што влегов во операционата сала додека човекот го држеше пиштолот вперен во тебе и јас му кажав да пука во мене. Ете толку е тешко да се биде сопруга во чекална.“ – Мередит

„Не сакам да се гледаш со други луѓе. Можеби не сум ти доволна, но многу се трудам и не сакам да се гледаш со ниедна друга освен со мене. Тоа е тоа. Само што, многу се плашам да те сакам. Но, еве пак те сакам. И стравот ми кажува дека имам што да изгубам, се согласуваш? А јас не сакам да те изгубам.“ – Мередит

„Нема да клекнам на колено, нема да поставам прашање. Те сакам Мередит Греј и сакам да го поминам остатокот од животот со тебе.“ – Дерек

„Сѐ уште ти се лутам. И не знам дали ти верувам. Сакам да ти верувам, но не знам дали можам, така што ќе пробам. Ќе пробам и ќе ти верувам, бидејќи верувам во тоа дека подобро е да бидеме неверојатни заедно, отколку обични еден без друг.“ – Мередит

Прочитајте ги и следниве цитати од ТВ серијата „Вовед во анатомија“ во кои ќе се пронајдат сите најдобри пријателки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар