Мекдоналс, 10 недели подоцна…
Светски познатиот синџир на ресторани за брза храна „Мекдоналс“ ја базира својата успешност врз уникатноста и шмекот кои ги имаат нивните продукти, едноставно терајќи ве да се заљубите во нивниот вкус. Не е тајна дека скоро се што можете да купите во Мекдоналс содржи одредена количина на шеќер, па така иако на око оброкот е мал, сепак може да ве засити.
Морган Спарлок, режисерот и актерот во документарецот „Super Size Me“ кој е снимен за “придобивките“ од редовното конзумирање на производите на Мекдоналс, направил еден интересен експеримент. Тој во големи тегли поклопува неколку од најпопуларните и најпродаваните бургери во Мекдноналс и нормално незаменливиот помфрит. Погледнете што се случува со сите продукти, во рок од 10 недели ретроспективно и потоа размислете каде би јаделе денеска.
Ахам, стомакот и теглата исти се. Глупости.
E aj stavi hamburger od bilo koja sendvicra ima da se rasipe za edna nedela a ne za 10.
мојот стомак е голема тегла.
Само што ние храната не ја чуваме 5 недели во нас 🙂
Дечки пред да зборите глупости вака онака, симнете го филмот Super Size Me и гледајте го. Цел документарец за Mc Donalds, Fast food и неговото лошо влијание, нормално поткрепен со лабораториски анализи, докторски прегледи и слично.. ае поздрав
Одличен клип!
И нормално дека дигестивниот тракт не е тегла,ниту пак храната ја чуваме толку долго, ја пропуштивте поентата на клипов:
Храна од органско потекло ТРЕБА да мувлоса!! А погледнете што се случи со бестселерите на МасDonalds (Big Mac и помфрит) … Какви се не адитиви и конзерванси се тоа, а компир сигурно не е.
Да, желудникот не е тегла што е уште полошо за тие што јадат од мекдоналдс.
Тоа што се продава таму е се само храна не.
Очигледно не сте го гледале Super Size Me!
кога ќе го гледате-ќе правиме муабет.