Мејн кун: Мачки покрај кои вашата би изгледала минијатурно
Мејн кун е една од најголемите припитомени раси мачки. Всушност, рекордот за најдолга мачка во Гинисовата книга на рекорди од 2010 го држи Стуи со измерени 123 см од врвот на носот до врвот на опашката. Машките мачки од овој вид тежат до 15,9 кг.
Потеклото на мејн кун е завиено во мистерија. Иако генетски невозможно, еден мит вели дека овие мачки се добиени со вкрстување на мачки и ракуни. Друг мит е дека Марија Антоанета, кралицата на Франција, се обидела да избега за да се спаси од егзекуција заедно со нејзините омилени турски ангорки. Додека таа не успеала да стигне во САД, мачките наводно слетале на брегот на Вискасет, Мејн, каде што започнале да се размножуваат.