Мечки кои се однесуваат како луѓе
Многу е интересно да им придаваме човечки активности на животните, а мечките се можеби најинтересни за ваквите улоги. На овие фотографии, мечките изгледаат како да размислуваат или да прават некои работи кои ние луѓето ги правиме секојдневно.
Наспроти претставувањето на мечките во филмовите, тие се ретко агресивни животни. Напротив, доколку наидете на мечка во дивината, таа може да биде подеднакво исплашена како и вас. Дополнително, мечките се и многу социјални животни. Со исклучок на поларните мечки кои се самци по природа, мечките се многу дружељубиви и интелигентни суштества кои одржуваат блиски односи и семејни врски. Затоа, на голем број од овие слики гледаме мечки кои се во некаква меѓусебна интеракција.
Секако, зборовите немаат врска со она што навистина го прават мечките, но забавно е да се преправме. Нели!?
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.