Мажите се од Марс, жените од Венера: 13 нешта кои само жените можат да ги разберат
„Мажите се од Марс, а жените од Венера“ – многу позната фраза кога станува збор за разликите меѓу половите. Дури и да не се сложувате со оваа реченица, некогаш е многу тешко да се разберат потребите и искуствата на другиот. Сетете се само какви луди очекувања се имаат од нас жените, изгледа нефер така? Во исто време, постојат и голем број одлични нешта кои мажите нема да ги искусат – бидејќи се мажи. Ние сме благодарни за тие нешта и во добро и во лошо, а во следнава листа секоја жена може да се пронајде.
1. Фактот што ние продолжуваме да старееме, а Зек Ефрон апсолутно засекогаш ќе остане млад и згоден.
2. Вашата пријателка, вашиот омилен филм и шише добро вино веднаш можат да го олеснат раскинувањето.
3. Во моментот кога ќе задува ветар, со рефлекси на нинџа, вие веднаш се фаќате за краевите од здолништето пред некој да успее да ви ги види гаќичките.
4. Кога се грижите дека ако го оставите да плати, тој ќе очекува нешто за возврат.
5. Кога колегите на работа, по грешка ќе помислат дека сте асистентка или секретарка, дури и ако сте на висока позиција.
6. Кога со неверување се ѕверите во огледалото и сфаќате дека целата ваша шминка од очите успеала да ви се симне до образите, притоа без вие да забележите.
7. Кога некој флертува со вас и сака да ве легне, а вие само сакате некому да му раскажете како ви поминал денот.
8. На состанок, се прашувате дали потенцијалниот партнер би ви судел ако си порачате уште еден пијалак или уште едно парче десерт. И без разлика каков е исходот од таквата ситуација, вие сепак си нарачувате.
9. Месечни циклуси – нема што повеќе да се каже.
10. На одмор, потајно се надевате дека тој нема случајно да посегне по шишенцето со регенератор од хотелот. Не дека ви е омилениот, но тој е единствениот што го имате додека сте таму!
11. Додека зборуваме за коса, моментот кога треба да му објаснувате зошто не можете да одите на базен на петтиот состанок затоа што сте направиле специјална фризура токму за таа прилика.
12. Кога на Интернет читате разни фрази за освојување кои знаете дека никогаш не би успеале на ниедна жена, но сепак се премногу смешни и забавни за читање.
13. Колку е фрустрирачки што тој може да ужива во која било поза, а за да дојдете вие до оргазам треба да сте наместени точно во таа една позиција.