Мажите први велат „те сакам“ и се поискрени после првиот секс
Благодарение на бајките и романтичните филмови, цел свет е убеден дека жените се поромантични во однос на мажите. Но, кога станува збор за љубовта, мажите се оние кои први ќе ѝ ги признаат на партнерката нивните искрени чувства. Според едно ново истражување, во 70 проценти од љубовните врски, мажите се тие кои први велат „те сакам“.
Истражувањето било направено во училиштето за менаџмент „MIT Sloan“, во Масачусетс, а спроведено на луѓе со возраст од 25 до 60 години. Тимот од социјални психолози открил дека луѓето се посреќни кога партнерот ќе им изјави љубов, откако ќе имаат интимни односи за првпат, одошто кога ваквите изјави настапуваат претходно во врската. Тие ова го објаснуваат, велејќи дека двата пола се генетски програмирани да инвестираат во љубовна врска, која има потенцијал за бременост кај жената.
Џош Акерман, кој го предводел истражувањето, вели дека љубовта не може да се измери на овој начин, бидејќи врз подготвеноста да се каже „те сакам“ и чувството откако некој ќе ви изјави љубов, влијаат различни фактори.
Сепак, истражувањето покажало дека мажите кои им велат на нивните партнерки „те сакам“ пред да имаат секс со нив, се помалку заинтересирани за градењето цврста и долготрајна љубовна врска со неа.
„Ако некој маж вели „те сакам“ пред да се случи првиот сексуален чин, најверојатно тој е малку скептичен во врска со својата љубовна изјава.“ – додава д-р Акерман. „Од друга страна, ако тој ѝ изјавува љубов на партнерката после првиот секс, тоа е подобар индикатор за неговите вистински чувства, бидејќи не постои сомневање дека со таа реченица, тој се обидува да ја однесе девојката в кревет.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.