Мажите признаваат: Најлудите романтични нешта кои ги направиле за нивните девојки
Колку и да не признаваат, жените секогаш „паѓаат“ на оние романтични филмски сцени кои изгледа дека мажите се и повеќе од подготвени да им ги приредат кога станува збор за љубов.
Цвеќиња, свеќи, вечера под отворено небо, појадок во кревет… Постојат луѓе кои токму овие нешта ги сметаат за романтични. И кога станува збор за мажите, оние кои се љубители на вакви сценарија воопшто не се помалку „фраери“, баш напротив, тие се и оние кои секогаш се подготвени искрено да ги покажат своите чувства. Па, погледнете кои се најлудите романтични нешта кои мажите ги направиле во име на љубовта…
1. Утринско изненадување
„Мојата девојка живееше со две цимерки кои исто така беа во врски. Една вечер, со нивните момчиња се договоривме сите заедно да преспиеме кај нив и потоа следното утро како изненадување да им подготвиме појадок. Ни беше потребен еден месец да ја реализираме оваа идеја. Кога конечно успеавме да се договориме, утрото се пробудивме во 6:30, отидовме до маркет да купиме сè што ќе би биде потребно и потоа го подготвивме појадокот за нив онака како што го замислувавме. Изразот на мојата девојка кога се разбуди вредеше за целата организација“, вели Адријан Д.
2. По напорниот ден
„Мојата девојка имаше многу стресен настан додека јас бев на пат. Кога се вратив, земав слободен ден од работа и ѝ го исчистив целиот нејзин стан, а кадата ѝ ја наполнив со цвеќиња. Од станот си отидов пред таа да пристигне дома, со цел да се изненади. Се вратив половина час подоцна со пица за вечера“, вели Том Е.
3. Стотина црвени чаши
„Сакав да ја поканам мојата средношколска љубов на матура, па затоа на оградата од тенискиот терен со помош на стотина црвени чаши испишав „Матура?“ И морам да признаам дека ми успеа“, вели Стивен П.
4. Лош план
„Сакав да ја импресионирам мојата девојка, па одлучив да ја однесам во кино. Но, не го направив тоа како сите нормални луѓе, па наместо 2 карти, го закупив целото кино со цел да можеме сами да го гледаме филмот. И покрај сè, состанокот не помина добро бидејќи филмот кој го гледавме, ‘Англискиот пациент’, на крајот ни го уби расположението“, вели Хенри В.
5. Будење во 4 наутро
„Ја разбудив мојата девојка во 4 часот наутро со цел да одиме во природа и заедно да го дочекаме изгрејсонцето“, вели Мајк Б.