Мажите преферираат жени со ваков вид фотографии на социјалните мрежи
Кога станува збор за запознавање преку социјалните мрежи, профилната фотографија игра важна улога. Внимателно одбраната фотографија може да ги зголеми шансите за пронаоѓање љубов, но и обратно, иако можеби ви звучи како да нема поврзаност. Без разлика за која социјална мрежа или онлајн сервис станува збор, Фејсбук, Инстаграм, Тиндер – за сите важат исти правила. Едно мало истражување, прегледало околу 600 случајно одбрани профилни фотографии на корисниците од Тиндер, за да открие кои од нив се најпожелни. Истражувачите забележале дека жените кои се користат со следниве трикови, кога се во прашање фотографиите, имаат повеќе потенцијални партнери.
1. Локација
За фотографија направена во ресторан, најчесто ќе соберете позитивни одговори. Од друга страна, автомобилите спаѓаат помеѓу најлошите места за фотографирање.
2. Број на личности
За ова правило е важно само едно нешто – бидете сами на профилната фотографија. За мажите е помалку веројатно дека ќе се задржат на фотографијата на жена која е опкружена со група пријатели.
3. Фокус
Направете слика од целото ваше тело. Ако сакате поголем успех во својата потрага по партнер, заборавете на селфињата.
4. Израз на лицето
Насмеани, да се гледаат и забите. Насмевката е заразна, додека бакнежите или плазењето на јазикот се одлична формула за одбивање.
5. Облека
Формалната или кежуал облеката се многу подобри отколку костимот за капење и оскудните модни комбинации за вечерно излегување. Иако постои врежено размислување дека вторите поминуваат подобро.
Прочитајте и што открива вашата профил-слика на Фејсбук за вас!