Мажите кои не можат да направат 10 склекови се изложени на поголем ризик од срцеви заболувања
Не се нови вестите дека редовната физичка активност може да ви помогне да живеете подолго. Но дали знаевте дека со неа можете да одредите и колкави ви се шансите за инфаркт или мозочен удар? Едно неодамнешно истражување спроведено од тим од Харвард, го открило токму тоа.
Се покажало дека ако мажот може да направи над 40 склекови, тогаш има намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести за 96%, во наредните 10 години. Ако мажот може да направи околу 21-30 склекови, тогаш има четвртина од ризикот за болести на срцето, за разлика од мажите кои не можат да направат ни 10 склекови.
Научниците одредиле основа од околу 11 или повеќе склекови, која би имала значајно влијание врз намалувањето на ризикот од кој било вид кардиоваскуларна болест. Изгледа дека склековите се многу подобри показатели за идното здравје на срцето, за разлика од тестовите како трчање. Покрај тоа, тестот можете да го направите и сами.
Според авторот на истражувањето, Џастин Ченг, ова би можело да стане бесплатен начин за одредување на ризикот од кардиоваскуларните болести. Откритието е речиси револуционерно. Според Ченг, резултатите поврзани со кардиоваскуларни болести биле многу подобри од резултатите добиени од тестови со трчање.
Во истражувањето учествувале 1.000 пожарникари од Индијана и тоа траело од 2000 до 2007 година. Потоа научниците 10 години ја набљудувале здравствената состојба на испитаниците. Мажите биле на возраст од 21 до 66 години, а нивниот индекс на телесна маса бил 28,7 во просек.
Не е познато дали сигурно правењето 11-20 склекови може да го намали ризикот од срцеви заболувања, но научниците имаат надеж. Ова е прво истражување од овој вид и потребни се повеќе. Склековите изгледаат како ефективен тест за одредување на здравјето на срцето, но многу научници сметаат дека истражувањето треба да се повтори и со други групи – жени и помалку активни лица. Сепак, испитаниците биле пожарникари, кои воглавно се физички активни поради нивната професија.
Инфарктите и мозочните удари настануваат при стеснување на артериите поради артериосклероза, бавна и прогресивна болест која може да започне уште во детството. Кај некои луѓе артериосклерозата напредува во 30-тите години од животот, а кај други не станува опасна до 50-тите или 60-тите години. Па, важно е да вежбате и да останете физички активни, со цел да ги спречите потенцијалните проблеми со срцето.
Добро е да ги знаете и знаците кои се појавуваат еден месец пред инфаркт.