Мажите ја откриваат совршената големина на женски гради
Се чини дека постојат предрасуди за мажите и нивните желби од типот „што поголемо толку подобро“. Всушност, тоа најчесто не е вистина бидејќи изгледа повеќето од нив сакаат жени кои имаат гради со средна големина. Според една американска студија во која учествувале 2.000 мажи и жени од САД и Европа, идеалната големина на гради е средна – ниту премали, ниту преголеми, односно градник со C големина.
Повеќе од половина мажи (53,6% од нив) се изјасниле дека градите со средна големина им се фаворит. Големи гради сакале да гледаат 35,3% од испитаниците, додека со мали се задоволни само 11% од момците. Резултатите од истражувањето варирале од земја до земја, па така Унгарците и Полјаците повеќе сакале помали гради, односно B големина. Мажите пак кои биле во врска, во 70% од случаите признале дека се многу задоволни со градите на своите партнерки.
Каде живеат жените со најголеми гради?
Истражувачите ја споредувале големината на градите со големината на градникот. Тие проучувале гради на дури 400.000 жени на годишна возраст помеѓу 28 и 30 години, од 108 држави и откриле каде живеат оние со најголеми гради, а каде оние со најмали. Така, рекордери се Американките, додека најмали гради имаат Филипинките. Зад Американките се нашле жените од Канада, па од Ирска, Полска, Британија…
Имате мали гради? Не разочарувајте се! Погледнете ги овие 13 причини зошто треба да ги сакате.