Мажите и жените навистина го гледаат светот различно
Очите на мажите се многу поосетливи на мали детали и објекти кои се во движење, додека пак жените се поперцептивни на промени на боите, според новата студија која вели дека мажите и жените навистина ги гледаат работите на различен начин.
Со неодамнешен огромен преглед на литературата, се заклучило дека во повеќето случаи жените се посензитивни и подобро ги разликуваат и категоризираат миризбите за разлика од мажите.
„Покрај другите сетила, како слухот и вкусот, постојат разлики помеѓу половите и во однос на видот,“ вели истражувачот Израел Абрамов од Градскиот универзитет во Њујорк. „Истражувањата исто така ни покажуваат дека жените имаат поосетливи уши и нос за разлика од мажите.
Неговиот тим од Универзитетот го споредиле видот на мажи и жени постари од 16 години кои нормално ги распознавале боите и имале нормален вид, макар коригиран со наочари или со леќи. Во еден дел од студијата, истражувачите побарале од волонтерите да опишат различни видови бои кои им биле покажувани. Тие исто така откриле дека на мажите им било потребно малку подолга бранова должина од бои за да ја забележат истата нијанса како жените. Мажите биле помалку способни и во препознавањето на разлики помеѓу тоновите.
Истражувачите исто така им покажувале на испитаниците слики кои биле составени од светли и темни линии кои се разликувале во ширината и во боите за да изгледаат како да трепкаат, со коишто ја мереле нивната сензитивност за контраст. Во споредба со жените, мажите биле многу подобри во идентификување на боите од сликите кои побрзо се менувале и кои биле направени од потенки линии. Абрамов објаснил дека овие елементи на видот се поврзани со специфични делови од таламичните неврони во примарниот визуелен кортекс од мозокот. Развивањето на овие неврони е контролирано од машките хормони наречени андрогени кога ембрионот се развива во фетус.
„Бидејќи овие неврони се водени од кортексот за време на ембриогенезата, ние сметаме дека тестостеронот игра огромна улога во формирање на видот и на некој начин води до различна поврзаност помеѓу мажите и жените. Еволутивната движечка сила помеѓу овие разлики е сè помалку јасна.“
Претходна студија покажала дека мажите и жените се фокусираат на различен начин. Преку серија од експерименти спроведена од Универзитетот во Јужна Калифорнија, истражувачите откриле дека мажите повеќе се фиксираат на устата на личноста со која разговараат и дека нивното внимание може полесно да биде одвлечено од движење позади таа личност. Додека пак, жените повеќе го движат нивниот поглед помеѓу очите и телото на нивниот соговорник и дека нивното внимание може полесно да биде одвлечено од други луѓе.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.