Мажите и жените го доживуваат бакнежот на различен начин
За жените бакнежот претставува начин емотивно да се поврзат со нивниот партнер, додека за мажите, бакнежот служи како средство за постигнување на крајната цел т.е. сексот, покажуваат резултатите од новото американско истражување.
Во истражувањето учествувале преку 1.000 студенти, а резултатите покажале дека двата пола го сметаат бакнежот за важна интимна интеракција помеѓу луѓето. Но, додека за жените бакнежот претставува покажување нежности, мажите во главно го користат за да ја возбудат партнерката.
Бакнежите исто така, покажуваат колку сте компатибилни со вашиот партнер. И мажите и жените рекле дека можат само врз основа на еден бакнеж да го изгубат или да го зголемат интересот за некоја личност.
Разликите помеѓу мажите и жените во однос на бакнежот и понатаму се продлабочуваат. Па така, за дамите лошиот бакнеж најчесто значи и крај на состанокот, додека повеќето од мажите веруваат во спротивното, односно за нив лошиот бакнеж не значи дека не би се впуштиле во интимен однос со таа личност.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.