Мажите со големи стомаци траат подолго во кревет

Мажите со големи стомаци траат подолго во кревет

Една студија на научници од Турција дала сосема неочекуван резултат: мажите со големи стомаци можат да истраат подолго за време на сексуален однос. Тие споредувале две групи од по 100 мажи, едната составена од мажи кои имале некој проблем со сексуални дисфункции, додека другата била без такви проблеми. Целта била да се истражи врската помеѓу телесната тежина и сексуалната енергија.

Мажите со големи стомаци траат подолго во кревет

Интересно било тоа што мажите кои немале проблеми со телесната тежина во просек издржувале по само 2 минути и биле посклони кон прерана ејакулација. За разлика од нив, оние со поголеми стомаци успевале да издржат во просек по 7,3 минути. Сепак, мажите со прекумерна тежина не би требало да почнат да се радуваат поради овој податок. Иако секој проблем со здравјето може да се одрази на сексуалната енергија, овој пат тоа си поигрува со нив. Причината поради која нивниот сексуален чин траел подолго лежи во тоа што дебелите мажи имаат повеќе естрадиол, женски хормон во машкото тело кој го спречува оргазмот. Оттаму доаѓа нивната „сила“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар