Маж посакал да биде жена: Го добил тоа што го заслужил
За жал жените отсекогаш му биле потчинети на мажот и отсекогаш од нив се очекувало да прават сѐ – да се грижат за домаќинството, за мажот и за децата. Е, еден маж очигледно не бил запознаен со ваквите „женски должности“.
Мажот му се обратил на Господ: „Господе те молам замени нè мене и жена ми. Седи дома, не прави ништо, би сакал да бидам на нејзино место…“ Господ ја исполнил неговата желба.
Следното утро, мажот се разбудил во облик на жена – станал пред жена му (мажот), подготвил појадок, децата ги однел на училиште и во градинка, па отишол по свежи намирници, па направил ручек, ги испеглал алиштата…
Само што се спремил да одмори малку, се сетил дека мора да ги земе децата, па им помогнал со домашните и веќе било време да подготви вечера… Откако вечерале, ги измил чиниите, ги искапел децата и само што легнал жена му (мажот) го прашала: „А брачната должност?“
Поминал месецот, мажот претворен во жена моли низ солзи: „Господе те молам врати сѐ како што беше, не можам повеќе!“
Господ му вратил: „Доцна се сети. Бремен си!“