Маж од Швајцарија се откажал од кариерата за да ги спаси дивите животни во Африка

Маж од Швајцарија се откажал од кариерата за да ги спаси дивите животни во Африка

Статистиката вели дека веќе имаме изгубено 43% од африканските лавови. Исто така им се заканува и истребување на слоновите поради ловење и уништување на нивните живеалишта. За среќа, постојат луѓе кои толку многу ги сакаат животните, што не можат да замижат пред кризата со ловење.

Маж од Швајцарија се откажал од кариерата за да ги спаси дивите животни во Африка

Во 2017-та година, Дин Шнајдер, успешен маж од Швајцарија, дал отказ, продал сè што има и се преселил во Африка со цел да им помогне на загрозените животни.

Дин се откажал од кариерата за да им помогне на животните во Африка

Дин Шнајдер од Цирих, Швајцарија, се вљубил во животните и дивиот свет уште кога бил многу мал. Поддржувањето на проектите за заштита на животните отсекогаш имало големо значење за него. Следејќи ја неговата страст, тој решил да се откаже од кариерата како финансиски планер и да го продаде целиот негов имот, за да започне проект во Јужна Африка.

Дин изјавил дека пријателите и семејството не го поддржувале на почетокот, но кога сфатиле колку му е важна оваа одлука и колку е сериозен во врска со неа, конечно го прифатиле неговиот нов живот.

Маж од Швајцарија се откажал од кариерата за да ги спаси дивите животни во Африка

Дин го започнал проектот „Hakuna Mipaka“, што во превод значи „без граници“. Hakuna Mipaka e огромно засолниште кое станало дом за многу малтретирани животни – од животни родени во заробеништво, до спасени животни од дивината. Многу од животните биле спасени од приватни зоолошки градини, каде што луѓето ги чувале во навистина ужасни услови.

Луѓето често го прашуваат Дин зошто едноставно не пушти дел од животните во дивината, а неговото објаснување е навистина едноставно – животните пораснати во заробеништво не можат да ловат, па нема да преживеат без човечка помош.

Ловците претставуваат ризик за цели видови животни од Африка

Постојат луѓе во Африка кои одгледуваат животни само за профит и ги чуваат во ужасни услови. Тие не се грижат добро за нив, а ова не е единствената опасност со којашто се соочени африканските животни. Поради ловењето веќе имаме изгубено илјадници животни, а некои видови се на работ на истребување.

Маж од Швајцарија се откажал од кариерата за да ги спаси дивите животни во Африка

„Ловците ги продаваат канџите и забите на животните на црниот пазар, за сè од суеверие до традиционална медицина. Сите овие нешта се продаваат на локалниот пазар и во Азија. Недостатокот од човечко образование и недостатокот од разбирање за животните се големи проблеми. Иако нема научни докази, сè уште постои распространето верување дека глуварчето и животинските канџи лечат многу болести“, изјавил Дин.

Дин има спасено дузина животни и ја подига свеста на луѓето

Засолништето има површина од 400 хектари и е заштитено од 6 лица кои не им дозволуваат на ловците да влезат. Неколкуте животни кои биле доволно среќни да завршат во засолништето, живеат во вистински рај. Секое животно кое доаѓа е прегледано од ветеринар и ја добива потребната нега. Наместо да живеат во кафези, животните уживаат во широки кампови со дрва, трева и природна почва.

Маж од Швајцарија се откажал од кариерата за да ги спаси дивите животни во Африка

Помеѓу животните што ги спасиле Дин и неговиот тим се лавот Декстер, кој бил спасен од ужасно живеалиште и кој се претворил во најслатката мачка, како и хиената Чаки која е навистина пријателски настроена. Засолништето е дом и на животни како ракуни, мајмуни, змии и игуани.

Маж од Швајцарија се откажал од кариерата за да ги спаси дивите животни во Африка

Покрај тоа што ги спасува животните и се грижи за нив, Дин е на мисија да ги образува луѓето и да ја подигне свеста за опасноста со која се соочени животните поради луѓето. Тој објавува и едукативни видеа за дивиот свет, со цел да ги доближи животните до човечките срца.

„Мојата мисија е да допрам што е можно повеќе луѓе и да ги научам за дивиот свет и убавините на животинското кралство. Верувам во моќта на знаењето, страста и визуелните приказни за менување на перцепцијата на луѓето и спасување на дивиот свет.“

Знаете ли за фотографката од Москва којашто го напуштила удобниот живот за да се грижи за кучиња?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар