Моќните зборови на Мартин Лутер vs. големите мисли на Мартин Лутер Кинг Јуниор
Мартин Лутер и Мартин Лутер Кинг Јуниор се две моќни историски личности кои делат многу повеќе од името што го носат. Ги обединува христијанството и желбата за подобар свет. И двајцата животите ги посветиле на борбата за правда и еднаквост, иако живееле и делувале на две различни страни на светот, едниот во средновековна Германија, другиот за време на големата депресија во Џорџија, САД. Тие делеле иста мисла, во временски јаз од 4,5 векови. Заедничко минато им се и затворите и смртните закани, како и тоа што двајцата прерано заминале во историјата.Мартин Лутер е запаметен како модерен мислител, кој го премостил јазот помеѓу средниот век и ренесансата, неговите дела се безвременски. Мартин Лутер Кинг Јуниор пак, е познат по неговото едноставно, но моќно ораторство и по убедувањата, кои денеска се универзални. Меѓу најчестите асоцијации за Лутер Кинг Јуниор е и неговиот моќен говор „Имам еден сон“. Добитник е на Нобеловата награда за мир. И двајцата Мартиновци со нивните мисли и верувања оставиле длабоки траги во историјата, преку многуте искажани и напишани зборови. Да се потсетиме на дел од нив…
„Свештениците треба да се молат, а не да владеат.“ – Мартин Лутер
„Старата поговорка ‘око за око’, на крајот сите ќе нè ослепи.“ – Мартин Лутер
„Ништо не се заборава побавно од навредата и ништо побрзо од добрината.“ – Мартин Лутер
„Среќата побрзо ги уништува луѓето од несреќата.“ – Мартин Лутер
„Карактеристично за добар оратор е да престане да зборува тогаш кога сите се желни да го слушаат.“ – Мартин Лутер
„Не си одговорен само за она што ќе го кажеш, туку и за она што ќе го премолчиш.“ – Мартин Лутер
„Ако во рајот не е дозволена смеата, тогаш не сакам да одам таму.“ – Мартин Лутер
„Сè што е направено во светот, е направено со надеж.“ – Мартин Лутер
„Крвта сама ги движи тркалата на историјата.“ – Мартин Лутер
„Насилството не носи ништо добро.“ – Мартин Лутер
„Дури и да знаев дека утре светот ќе се распарчи, сепак ќе ја засадев мојата јаболкница.“ – Мартин Лутер
„Молете се, оставете му ги грижите на Бога.“ – Мартин Лутер
„Tреба да се срамиме не толку заради злоделата на лошите луѓе, колку заради инфериорноста на добрите.“ – Мартин Лутер
„Темнината не може да истера темнина, тоа го може само светлината. Омразата не може да истера омраза, само љубовта може да го направи тоа.“ – Мартин Лутер Кинг
„Вера е кога ќе го направите првиот чекор, иако не можете да ги видите сите скалила.“ – Мартин Лутер Кинг
„Човек кој не е подготвен да умре за нешто, тогаш не е подготвен ни да живее.“ – Мартин Лутер Кинг
„Една нација која од година в година троши повеќе пари за воена одбрана, наместо за социјална надградба, е осудена на духовно проклетство.“ – Мартин Лутер Кинг
„На крајот нема да се сеќаваме на зборовите на нашите непријатели, туку на молкот на нашите пријатели.“ – Мартин Лутер Кинг
„Оној што пасивно го прифаќа злото, тој во иста мера е вмешан во него како и оној кој го помага неговото спроведување. Оној кој го прифаќа злото без да му се спротивстави, всушност соработува со него.“ – Мартин Лутер Кинг
„Не можат да ви се качат на грбот, освен ако не ви е свиен.“ – Мартин Лутер Кинг
„Лагата не може да живее.“ – Мартин Лутер Кинг
„Мораме да го прифатиме последното разочарување, но не смееме да ја напуштиме бескрајната надеж.“ – Мартин Лутер Кинг
„Мораме да научиме да живееме задно како браќа или да загинеме заедно како будали.“ – Мартин Лутер Кинг
„Секогаш е вистинско време за да ја направите вистинската работа.“ – Мартин Лутер Кинг
„Никогаш немојте да заборавите дека сè она што го правеше Хитлер во Германија, беше легално!“ – Мартин Лутер Кинг
„Да се биде христијанин без молитва е како да се биде жив без дишење.“ – Мартин Лутер Кинг
„Правото кое се одложува е право кое се забранува.“ – Мартин Лутер Кинг
„Љубовта е единствената сила која непријателот може да го претвори во пријател.“ – Мартин Лутер Кинг
„Можеби дојдовме со различни бродови, но сега сите сме во ист чамец.“ – Мартин Лутер Кинг
„Неправдата насекаде, е закана за правдата насекаде.“ – Мартин Лутер Кинг
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.