Интересна мапа која ги покажува најпопуларните туристички атракции во секоја држава
Што се наоѓа на вашата листа со работи што сакате да ги направите? Посета на некој џунгла, сурфање во Австралија, да ја видите поларната светлина… Кога имате само неколку денови во некоја држава, може да биде навистина тешко да одберете што сакате да направите. Но за тоа ќе ви помогне оваа мапа.
Оваа мапа ги покажува најпопуларните атракции во секоја држава во светот. Атракциите се рангирани според алатката на TripAdvisor која дава предлози за што да правите во некоја држава.
Креирана од VoucherCloud, дестинациите прикажани на мапата може да не бидат оние што ги очекувате. На пример ја нема Бакингемската палата во Велика Британија, туку се наоѓаат атракциите на кои туристите си поминале најубаво. Од спуштање по жица во Фиџи, до кајакарство во Џибути, со сигурност ќе си поминете неверојатно на местата кои ги предлага оваа мапа.
Но има и дел од традиционалните туристички атракции, како Големиот кинески ѕид, Столната планина, Нијагарините водопади и пристаништето на Сиднеј. Природните чуда се најпопуларниот избор, а на мапата се наоѓаат дури 76 од нив. Исто така има 54 историски атракции, 38 традиционални туристички атракции и 29 атракции поврзани со религијата.
Западна Европа е најинтересна за туристите, додека Источна Европа најмногу се посетува за историските знаменитости. Во Америка најпознати се природните чуда, а во Азија има мешавина од историски и традиционални туристички атракции.
На мапата се наоѓа и Македонија, а главната атракција е Охридското Езеро. Езерото е најголемо природно езеро во Македонија, а воедно и најстарото во Европа. Во 1980 година езерото, како и градот Охрид се прогласени за Светско културно наследство и се под заштита на УНЕСКО. Не е ни чудо што е најпопуларната туристичка дестинација во нашата држава.
Сега кога ја имате мапата, погледнете и како поевтино да го пропатувате светот.