Манипулирањето на соништата како во филмот „Почеток“ наскоро ќе стане реалност
Автор: Весна Јовановска
Научници од престижниот американски универзитет „Јеил“ веруваат дека сонот може да стане алатка за учење нови вештини. Тие велат дека додека спиете можат да ви внесат идеја во сонот, да манипулираат со него и да ве водат од еден во друг.Нивните научни истражувања покажале дека тоа наскоро може да стане реалност, но само преку луцидните соништа кои свесно ги сонуваме. Тоа е состојба кога ние го контролираме сонот и можеме да го менуваме неговиот тек. Дали можеби ова ве потсетува на филмот „Почеток“ од Кристофер Нолан? 🙂Замислете како би било во сонот да се натерате да свирите на некој музички инструмент или да решавате комплицирани математички задачи, кои по вашето будење навистина ќе ви одат од рака. Научниците од „Јеил“ сè уште експериментираат на оваа вечна тема. Д-р Питер Морган, од тимот кој работи на овој проект вели дека луцидниот сон може да се користи како техника за развивање и тренинг на нашите мозоци.
.
„Знаеме дека преку ангажирање на мозочните кола, може да се промени нивната архитектура“, вели д-р Морган.
Слични истражувања веќе покажале дека вежбањето во сон може да ги подобри вештините во реалниот живот. Во една швајцарска студија, луцидни сонувачи во сонот фрлале парички во чаша, а откако се разбудиле тоа добро го правеле и во реалниот живот.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.