Мамутска пештера
Мамутската пештера го добила името поради својата големина, а не поради остатоците од одамна изумрените мамути. Издлабена е во варовничките карпи на Кентаки со капење на киселикава вода во период од милиони години. Во пет нивоа, оваа пештера има премини долги околу 530 км.Индијанците го познавале овој фантастичен подземен свет уште пред 4.000 години – во неа се пронајдени камени врвови од копја и посмртни останки. Првите истражувачи ја осветлувале пештерата со факели од трска. Денешните посетители можат да видат некои делови од пештерата осветлени со електрични ламби. Просторот е многу разновиден – од огромни сали како Ратунда (голема колку главната железничка станица во Њујорк), до тесни премини каков што е „Бедата на дебелиот човек“ (The fat man’s misery), кој е широк само 460 мм.Оние кои пловат со чамец по реката Ехото, што се наоѓа 110 метри под површината, можат да го чујат нејзиниот екот. Замрзнатата Нијагара претставува цела низа на простории каде сталгмитите и сталактитите потсетуваат на замрзнати водопади.Европските доселеници за првпат влегле во Мамутската пештера во 90-те години на 18 век, а за време на војната меѓу Американците и Англичаните, во 1812 година, од пештерата биле вадени азотни наслаги од кои произведувале барут. Некој период пештерата служела и како лекувалиште за заболените од туберкулоза, но сето тоа било без посебен успех. Од тој период па наваму, таа е туристичка атракција која е составен дел од Националниот парк.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
SAKAM SAKAM SAKAM!