Малото прасе Хамлет го победува својот страв од скали

Малото прасе Хамлет го победува својот страв од скали

Хамлет е мало прасе кое има мала фобија од скалите во домот каде што живее. Неговите сопственици решиле да му помогнат со овој проблем на многу креативен и интересен начин… Кога Хамлет бил многу гладен тие му покажале чинија полна со неговата омилена храна и му дозволиле само да ја намириса. Потоа се симнале по скалите и ја оставиле чинијата на подот покрај последната скала. Хамлет по кратко двоумење се соочил со својот страв и набрзина се симнал по скалите. Најинтересниот момент е што тој од последната скала буквално нурнува во чинијата со храна.

Што мислите, дали Хамлет целосно го надминал својот страв по овој краток третман? И како би постапиле вие доколку вашето милениче има сличен проблем?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар