Малку познати факти за нимфоманијата

Малку познати факти за нимфоманијата

Терминот „нимфоманија“ прв пат се спомнува во 1980 година во прирачникот за ментални нарушувања, но 14 години подоцна е целосно исфрлен од употреба. Познатиот истражувач Алфред Кинзи духовито забележал дека нимфоман е „личност која едноставно има повеќе секс од вас“. Па, што точно значи нимфоманијата?

Малку познати факти за нимфоманијата

1. Нимфоманите се само жени

Терминот нимфоманија се однесува само на жените. За мажите е резервиран терминот сатир, односно, мажите зависни од секс се нарекуваат сатири. Но, овој поим воопшто не се употребува од едноставна причина, бидејќи е социјално прифатено мажите да имаат повеќе секс од жените. Низ историјата, многу повеќе ги лекувале жените зависни од секс, отколку мажите, а третманите вклучувале ледени бањи, седативи, па дури и операција на клиторисот.

2. Корените на нимфоманијата

Во книгата „Историја на нимфоманија“, е наведено дека лекарите во викторијанската доба на Англија под нимфоманија подразбирале јадење вкусна храна како премногу чоколадо, читање еротски новели и потајно мастурбирање. Тие сметале дека таа настанува со претерано стимулирани женски нерви. Еден експерт дури сметал и дека почестото посетување на гинекологот можел да резултира со нимфоманија.

3. Сè е во главата

Научниците некогаш претпоставувале дека зголемениот мал мозок кај жените укажува на склоност кон нимфоманија. Според оваа логика, колку е поголем задниот дел од главата на жената, толку повеќе таа ќе сака секс. Денес, секако, овие тврдења се отфрлаат како апсурдни.

4. Нимфоманијата денес не се смета за дијагноза

И покрај тоа што одамна таа била дијагноза, денес луѓето со претеран сексуален нагон и промискуитетно однесување кое им го контролира животот се нарекуваат само зависници од секс, додека пак, претераното либидо се нарекува „хиперсексуалност“. Се претпоставува дека во целата популација околу 8% од мажите и 3% од жените се зависници од секс.

5. Нимфоманијата како болест

Во 19-ти век, лекарите верувале дека преголемата желба за секс кај жената е симптом на болест, односно дека тие, поради својата намалена самоконтрола, би можеле со своето несоодветно однесување да се најдат на работ од „сексуално лудило“.

6. Нимфоманките не се добри за сериозни врски

Нимфоманка девојка може да звучи како добра идеја за мажите, но само во нивните фантазии. Жената која ќе бара секс 10-тина пати дневно и која лесно паѓа на физичката и сексуална привлечност кон други мажи, нема да биде верна личност. Таа сè што сака е да ја задоволи својата сексуална потреба, а во најмала рака, оваа врска за мажите со просечен сексуален нагон може да биде многу исцрпувачка.

7. Секојдневниот оргазам може да бидат знак за опасност

Според експертите, доколку секојдневно постигнувате оргазам, со вашиот партнер или мастурбирање, тоа може да биде знак за зависност од секс кој го карактеризира силен сексуален нагон и опсесија. Зависниците исто така не можат да размислуваат на ништо друго освен на секс, па токму затоа и ретко можат да создадат здрав љубовен однос со својот партнер или партнерка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар