Малите нешта се важни: Луѓето ја проценуваат вашата личност врз основа на овие ситници
Кога запознавате некого за прв пат, веднаш започнувате, можеби несвесно, да го анализирате и проценувате. Ист е случајот и кога некој ќе ва запознае вас. Луѓето честопати не се свесни дека всушност ситниците се основа врз која другите луѓе судат. Дури и врз основа на некои, на прв поглед, небитни и безначајни ситници давате впечаток каква личност сте и каков е вашиот карактер. Луѓето судат и донесуваат грешки. Можеби не се 100% во право, но врз основа на вашето однесување и првите импресии одлучуваат дали тие ќе ви покажат доверба или ќе ви го завртат грбот. Еве врз основа на што се донесуваат заклучоците дали сте „добра или лоша“ личност.
1. Ракописот
Научниците истражувале дали врз основа на ракописот луѓето судат за нечиј карактер или однесување. Тие дошле до заклучок дека ракописот навистина понекогаш влијае дали некој ќе ја добие работата или не и дали се работи сериозна личност или пак за детинеста и незрела. Истражувањето покажало дека луѓето веруваат дека личностите кои пишуваат со ситен ракопис се срамежливи, додека оние кои пишуваат со крупни и големи букви даваат впечаток дека се дружељубиви, доверливи и сигурни во себе.
2. Бојата на облеката
Бојата на облеката навистина зборува многу за вас. Личностите кои се облекуваат во црно оставаат впечаток дека се уметнички настроени, чувствителни и обрнуваат внимание на малите детали, додека оние кои ја сакаат црвената боја обично се весели, разиграни и многу се продуктивни. Зелената боја дава впечаток дека сте вредни и доверливи, додека белата боја на луѓето им сугерира дека сте организирана и многу чувствителна личност.
3. Грицкањето нокти
Ако ги грицкате ноктите луѓето нема да помислат само дека вашите нокти изгледаат неуредно, туку тоа однесување ги асоцира и на депресија, нервоза, па и на тоа дека сте израснале во дисфункционално семејство или средина.
4. Обувките
Психолозите тврдат дека луѓето ги проценуваат другите луѓе врз основа обувките кои тие ги избираат. Како што е и случајот со облеката, така и врз основа на обувките луѓето проценуваат дали имате стил, колку заработувате, дали сте богати, сиромашни, па дури и колку години имате отприлика.
5. Бојата на очите
Очите се огледало на душата, барем така кажува народното верување, а многумина веруваат дека бојата на очите е поврзана со нечии темперамент и чувства. Така, луѓето веруваат дека личностите со сини и зелени очи се помалку агресивни од луѓето со црни и темно кафеава боја на очи.
6. Ракувањето
Луѓето можеби и несвесно веднаш заклучуваат дека личностите кои имаат цврст стисок одаваат доверба, имаат цврст карактер, но и големи очекувања, како и дека не се плашат јасно и гласно да ги искажат своето мислење и чувства. Личностите кои имаат благ стисок не се личности полни со самодоверба, не се справуваат најдобро со предизвиците и притисоците, како ни со стресните ситуации.