Мали работи кои секојдневно би требало да ги правите за себе

Мали работи кои секојдневно би требало да ги правите за себе

Затрупани сме со безброј обврски, изгубени сме во планови и задачи, оптоварени сме со приватни проблеми… Ништо чудно што честопати забораваме на себеси. Во тој случај, неопходен ни е издувен вентил за да успееме сето тоа да го издржиме. Затоа не заборавајте дека е потребно секој ден да си овозможувате мали ритуали кои ќе ве исполнат, усреќат и ќе го направат вашиот живот попозитивен, полесен и поздрав.

1-mali-raboti-koi-bi-trebalo-da-gi-pravite-za-sebe-i-toa-sekojdnevno-www.kafepauza.mk_

Запомнете: Секој ден е нов почеток! Не дозволувајте лошите работи од вчера да ве следат и денес. Денес имате можност да направите сè подобро. Секое утро правете го она што го сакате и што ве полни со позитивна енергија, без разлика дали станува збор за овошна салата, омилената песна, трчање или нешто друго! Ако секој ден го започнувате со насмевка на лицето, тогаш таа ќе се задржи до крајот на денот.

Ако можете да завршите некоја обврска за неколку минути, тогаш не ја одложувајте и завршете ја веднаш. Само затоа што ви е потребно малку време, тоа не значи дека треба да ја одложите. На крај ќе ја заборавите, а можеби станува збор за нешто важно. Да, и ќе се изнервирате.

Секојдневните навики се многу поважни од она што го правите „еднаш во сто години“. Тие на вашиот живот му го даваат потребниот ред и стабилност.

2-mali-raboti-koi-bi-trebalo-da-gi-pravite-za-sebe-i-toa-sekojdnevno-www.kafepauza.mk_

Секогаш бидете добри кон луѓето, дури и кога тие не се однесуваат така кон вас. Не собирајте негативна енергија.

Кога работите нешто на компјутер, не заборавајте да направите пауза и да го фокусирате својот поглед кон нешто друго, што не е екран. И на вашите очи им е потребен одмор.

Покрај креветот ставете некој мек теписон во весели бои. Оваа ситница ќе направи вашето будење да биде многу попријатно.

3-mali-raboti-koi-bi-trebalo-da-gi-pravite-za-sebe-i-toa-sekojdnevno-www.kafepauza.mk_

Макар еднаш дневно отспијте малку. На овој начин ќе се опуштите, ќе се одморите и ќе си помогнете да се „изборите“ со остатокот од денот. Ако немате можност да отспиете, во тоа може да ви помогне шолја од омилениот чај или кафе.

Секогаш кога разговарате со луѓето бидете потполно фокусирани и посветени на разговорот. Опуштете се и бидете спонтани, немојте да размислувате што ќе кажете следно.

Ако ви е тешко да станете наутро и тоа ве нервира многу, ставете го вашиот аларм малку подалеку од креветот. Кога тој ќе почне да ѕвони, ќе морате да станете за да го исклучите. Веројатно нема да ви падне на памет после тој напор повторно да се „фрлите“ во кревет.

4-mali-raboti-koi-bi-trebalo-da-gi-pravite-za-sebe-i-toa-sekojdnevno-www.kafepauza.mk_

Јавете им се на пријателите со кои се немате слушнато долго време и организирајте некоја средба. Сигурно ќе ви годи, а тие ќе се израдуваат што сте се сетиле на нив.

Прочитајте некој добра книга. Сè што ќе прочитате на некој начин ве менува и надградува.

Смејте се. Смејте се што повеќе и што почесто.

5-mali-raboti-koi-bi-trebalo-da-gi-pravite-za-sebe-i-toa-sekojdnevno-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар