Мали гради – голема предност
Кога би знаеле кои се предностите на малите гради, никогаш не би посакале да ги зголемите. До овој заклучок дошле виенските експерти по неколкуте објавени истражувања.
Малите гради се 24% поосетливи во однос на големите гради. Тоа е затоа што малите гради имаат помалку масно ткиво и полесно можат да се стимулираат.
Во одредени години, големите гради полесно се опуштаат, додека пак малите остануваат цврсти и подигнати, со што нивните сопственички изгледаат помладо од што навистина се. Проблемот со губење на цврстината кај малите гради, воопшто и не постои, па затоа жените можат слободно да се шетаат и без градник.
Кај малите гради, тежината е различно распоредена во телото, па затоа сопственичките немаат потреба од грижи во подоцнежните години од хронични болки во грбот. Држењето на телото исто така е постабилно, бидејќи малите гради не го навалуваат ‘рбетниот столб нанапред. Доколку постојат некои недостатоци кај малите гради, тоа е што тие тешко се воочуваат за разлика од големите.
Прочитајте и како најлесно да ги затегнете опуштените гради.