Малечките тираносауруси биле слатки „крзнени“ суштества

Малечките тираносауруси биле слатки „крзнени“ суштества

Можеби е тешко да го замислите страшниот тираносаурус рекс како малечок, но овие џинови не излегувале од нивните јајца целосно пораснати. Всушност, штотуку изведените малечки биле како слаби мисирки и со „раце“ подолги од нивното тело, за разлика од возрасните диносауруси. Секое бебе тираносаурус било прекриено со крзно од мали пердуви.

Малечките тираносауруси биле слатки „крзнени“ суштества

Она што е уште поинтересно е тоа што пердувите на диносаурусот најверојатно растеле на главата и по опашката. Ова можеме да го заклучиме од нова реконструкција која е најпрецизниот модел од диносаурусот направен до денес.

Во Природонаучниот музеј во САД, овој месец се отвора нова изложба посветена на овие диносауруси. Додека тираносаурусот е можеби најиконскиот диносаурус, изложбата ќе вклучува и нови откритија кои го променија разбирањето на научниците за овој огромен месојадец и неговите роднини, од кои најверојатно сите имале пердуви.

Малечките тираносауруси биле слатки „крзнени“ суштества

Повеќето од видовите тираносауруси на изложбата ѝ биле непознати на науката пред 2000-та година. Според Мартин Швабачер од Природонаучниот музеј, раниот тираносаурус прв пат се појавил пред околу 167 милиони години. Овие први видови имале релативно долги раце и биле помали и побрзи од видот што го знаеме сите – тираносаурусот рекс.

Но и тираносаурусот не бил отсекогаш огромен. На изложбата е претставен и „бушав“ модел на штотуку изведен диносаурус и неговото драматично растење. Додека да наполнел 20 години, возрасниот тираносаурус имал висина од 3,6 до 3,9 метри, и тоа само до колковите. Од носот до опашката бил долг 12 до 13 метри, а тежел отприлика 6 до 9 тони. За време на брзото растење малечките качувале по 3 килограми дневно, во текот на 13 години.

Малечките тираносауруси биле слатки „крзнени“ суштества

Иако тираносаурусот е познат по навистина малите „раце“, пронајдени се малку предни екстремитети од овој вид. Според неодамна откриените фосили, рацете на возрасниот модел се уште помали отколку што беа прикажувани во минатото. Сепак, ова не значи дека тие биле бескорисни.

„Не се кршливи, коските се издржливи, зглобовите се подвижни и изгледа како да имале добри мускули“, изјавил Швабачер.

Бидејќи пропорцијата на рацете и телото била подобра кај малите, најверојатно тие можеле да ги користат за фаќање плен. Возрасните тираносауруси можеби ги користеле рацете и канџите за да го удрат пленот што веќе го собориле, но со сила на вилицата од 34.500 Њутни, на овие суштества најверојатно не им биле потребни раце.

Прочитајте ги и најпознатите митови за диносаурусите кои не се точни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар