Малата коза Фрости ќе ви го стопи срцето

Малата коза Фрости ќе ви го стопи срцето

Јарето Фрости стана вистински хит на интернет откако се прочу за болеста на неговите задни ножиња, која ја здобило брзо по раѓањето. Болеста од која пати Фрости претставува заболување на глуждовите што ги прави неговите задни нозе неподвижни и е сериозна по неговиот живот. Но, состојбата се променила благодарение на намонтираните помошни тркала кои му служат како замена за задните нозе, кои не само што му помагаат да се движи туку и му даваат елан и поголема шанса да се избори со болеста.

1-malata-koza-frosti-kje-vi-go-stopi-srceto-kafepauza.mk

Среќната коза Фрости е згрижена во непрофитното прифатилиште за животни Edgar’s Mission во Викторија, Австралија, каде што ѝ ја поставиле количката за движење, а прима и антибиотици и редовно вежба. Од видеото можеме да видиме колку упорно се труди да се движи и како им ја покажува благодарноста на оние кои се грижат за неа.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар