Претходно
Мал совет од „Фабриката на радоста“
Кока-кола овој пат навистина нè освежи, но не со некој нов вкус, туку со креативна реклама, која дури и по малку е необична за еден ваков бренд. Нè инспирира да се „одлепиме“ од столчињата, да ги кренеме нашите мрзеливи задници и да согориме малку калории…, барем оние кои ќе ги внесеме со овој пијалак. 🙂Ако ни порачуваат дека Кока-кола и дремење на Фејсбук е лоша комбинација, тогаш рекламата е успешна, во право се. Навистина треба да ѝ се спротивставиме. 😉 Видеото е дело на Публицис – Шпанија. Погледнете го и земете ја вашата дневна доза инспирација, директно од „Фабриката на радоста“.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.